Доколку сакате да имате свежо чувство во вашата усна празнина, исто како и после употребата на купечките освежувачи за уста, прочитајте ги овие три начини за подготовка на домашни води за освежување на здивот. Овие водички многу лесно и едноставно може да си ги подготвите во вашиот дом и да ги користите секогаш кога ќе имате потреба за освежување на здивот.
Освежувачите се прават од лесно достапни намирници и не содржат никакви хемикалии и вештачки бои, а се подеднакво ефикасни како и купечките. Па, доколку и вие мака мачите со непријатниот здив, изберете го вашиот омилен освежувач и ослободете се од оваа непријатна појава.

Освежувач за здив од каранфилче
Состојки:
- 1 лажица мелено каранфилче
- 1 чаша вриена вода
Начин на подготовка и употреба:
- Меленото каранфилче ставете го во огноотпорен сад и прелијте го со вриена вода. Садот покријте го со капак и оставете го покриен додека водата се излади.
- Вака подготвениот освежувач процедете го и складирајте го во чисто стаклено шишенце.
- За плакнење на усната празнина доволно ќе ви биде да искористите една лажица од оваа течност, а количината која ќе ја добиете ќе ви трае до една недела.
Напомена: Каранфилчето е одлично за здравјето на забите и непцата, но има пикантен вкус и не се препорачува да го употребуваат деца.
Освежувач за здив од магдонос и мента
Состојки:
- 2 лажици свежа мента
- 2 лажици свеж магдонос
- 1 чаша дестилирана вода
- 1 лажица вотка
Начин на подготовка и употреба:
- Сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте ги околу 2 минути. Со цел да ги отстраните сите остатоци од билките, добиената течност процедете ја низ стерилна газа.
- Вака добиениот освежувач турете го во чисто шишенце.
- Од овој освежувач, за плакнење на усната празнина ќе ви биде доволна една лажица.
Совет плус: Магдоност и ментата се познати по тоа што ги неутрализираат штетните бактерии и го освежуваат здивот, а покрај овие билки освежувачот содржи и алкохол, па ќе трае многу подолго споредено со оној од каранфилче.
Солен раствор за освежување на здивот
Состојки:
- 1 чаша топла вода
- 1 лажица морска сол
Начин на подготовка и употреба:
- Промешајте ја солта со водата со цел да добиете солен раствор.
- Со овој раствор не само што може да ја плакнете усната празнина, туку може да го користите и за гаргара на грлото.
Совет плус: Овој солен раствор особено им се препорачува на лицата кои имаат проблеми со болни и осетливи непца, бидејќи овој раствор успешно ги уништува сите бактерии.
Ви препорачуваме да прочитате: Магдонос и лимон против лош здив.