3 домашни третмани против поткожни влакна 1

3 домашни третмани против поткожни влакна

Зараснатите или уште познати како поткожни влакна, се прилично застапен проблем, а се јавуваат како резултат на пречесто бричење или депилација. Сами по себе, се непријатна појава, а често може да доведат до посериозни последици. За среќа, постојат многу природни и домашни третмани против поткожните влакна кои зараснуваат во кожата, па издвоивме мал дел од нив.

Најчесто кога ќе го отстраниме влакното, тоа по некое време повторно израстува низ кожата. Но, понекогаш влакната ослабнуваат и почнуваат да растат под површината на кожата. Кога тие растат така, нашето тело ги детектира како туѓо „тело“ кое се вовлекло под кожата и тогаш се појавуваат и симптоми како што се болка, јадеж, црвенило и оток. Во поголемиот број на случаи, особено на нозете, не е потребен никаков посебен третман и овие симптоми по некое време сами ќе исчезнат. А, во случај кога се појавуваат сериозни инфекции, може да дојде и до потреба од оперативен зафат за нивно отстранување. Затоа, погледнете ги овие природни третмани и спречете ја појавата на ваквиот проблем.

3 домашни третмани против поткожни влакна 2

Природен пилинг со сода бикарбона против поткожни влакна

Состојки:

Начин на подготовка и употреба:

  1. Во 1 чаша вода растворете 1 лажица од содата бикарбона без алуминиум на Витаминка.
  2. Вака подготвениот раствор нанесете го на заболената кожа со помош на памучно туферче, а потоа исплакнете го местото со чиста ладна вода.
  3. Овој третман најмногу одговара за нега на интимната регија и препоните, а истовремено ги ублажува и иритациите на кожата.

Може да ве интересира: Сода бикарбона без алуминиум – лесно достапен народен лек.

Сода бикарбона без алуминиум - лесно достапен народен лек 2

Природен пилинг со шеќер против зараснати влакна

Состојки:

  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажица маслиново масло или 1 лажичка мед

Начин на подготовка и употреба:

  1. Шеќерот помешајте го со малку маслиново масло или лажичка мед.
  2. Вака подготвената паста нанесете ја на кожата со кружни движења, а потоа исплакнете ја со топла вода.
  3. На овој начин истовремено ќе ја хидрирате кожата, а и ќе ги уништите бактериите кои предизвикуваат нејзино воспалување.

Може да ве интересира: Домашен пилинг за тело со шеќер.

Природен третман против поткожни влакна со есенцијално масло од чајно дрво

Есенцијалното масло од чајно дрво ги уништува бактериите и ги ублажува отоците. Ова масло често се користи против акни, но е одлично и против зараснати влакна на нозете. Сѐ што треба да направите за да си помогнете против овој проблем е да растворите неколку капки од ова масло во вода и да ја нанесете смесата на местото зафатено со зараснатите влакна во кожата.

Ви препорачуваме да прочитате: Корисни препораки за примена на содата бикарбона во разни ситуации.

Сподели: