куркума зимски зачини со лековита моќ 1

3 зимски зачини со лековита моќ

Зачините не само што им даваат убав вкус и арома на празничните јадења во зима, туку многу од нив имаат лековити својства и го подобруваат здравјето. Дознајте кои популарни зимски зачини со лековита моќ се баш препорачливи во зима. Подолу ќе прочитате за што се истите може да ви помогнат, па деновиве најдете им примена во поголеми количини и уживајте ги нивните корисни својства.  

Овие зачини покрај своите препознатливи арома и вкус ни нудат многу повеќе придобивки. Освен што се задолжени за неизмерно уживање на трпезата, тие се корисни и за нашето здравје. Еве кои ги издвоивме на топ листата.

куркума зимски зачини со лековита моќ 2

Куркумата поседува антиканцерогени својства

Овој познат азиски зачин со карактеристична жолта боја најчесто се користи како додаток во јадењата од зеленчук и морски плодови. Својата популарност ја стекнал благодарение на антиканцерогените својства кои ги поседува. Покрај тоа што ги уништува веќе постоечките клетки на ракот, куркумата го спречува и нивното повторно настанување. Меѓутоа, телото послабо го апсорбира куркуминот, активната состојка на овој зачин, па затоа се препорачува да се комбинира со црн пипер или чили.

Ѓумбирот е природен „лек“ против настинки

Овој зачин има загревачки ефект, па затоа е природен и ефикасен „лек“ против настинки. Дејствува дијафоретски (го поддржува потењето во насока на лекување), благодарение на што ја забрзува борбата против инфекциите. Покрај тоа, помага во ослободувањето од секретот во дишните патишта и градите. Ѓумбирот исто така ги намалува грчевите во мускулите и болките во зглобовите, а исто така ја поттикнува циркулацијата и го помага процесот на отстранување на токсините од телото. Има карактеристичен остар вкус, па затоа одлично се вклопува во сите чорби и манџи, но може да се користи и како зачин во некои колачи и десерти. Совршено го нагласува вкусот на тиквата.

Може да ве интересира: 5 зачини кои се храна и лек.

Циметот помага во борбата против дијабетесот

Циметот најчесто го користиме како зачин за десерти и напитоци, но и во некои специјалитети со месо. Па така, речиси е невозможно да се замислат печени јаболка и круши, како и пита од јаболка без цимет. А дали сте знаеле дека овој егзотичен зачин помага во борбата против дијабетесот тип 2? – Тоа се должни на неговото својство ефикасно да го намали и стабилизира шеќерот во крвта. Покрај тоа го регулира и нивото на холестерол.

Есенска пита со јаболка и цимет - брза и без миксер 2

Проверен рецепт кој ви го препорачуваме: Есенска пита со јаболка и цимет – брза и без миксер.

Наша препорака

Кога станува збор за зимски зачини, може да се каже дека веднаш се присетуваме на богатата зачинска палета на Рајска градина, ги купуваме омилените зачини и за ладните денови ви ги препорачуваме циметот, ѓумбирот и куркумата. Повеќе за понудата на Рајска Градина може да дознаете тука на овој линк или да ја посетите нивната фан страница Rajska Gradina.

Ви препорачуваме да прочитате: 3 омилени зимски зачини кои го чуваат здравјето.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: