„Сезаоната на зимниците се наближува. Ви споделувам 3 испробани рецепти за зимница со домати – лесни, вкусни и без конзерванси! Направете ги и пробајте ги, а ако имате прашања за подготовката, следете ме и пишете ми на Instagram или Facebook, каде што може да разгледате повеќе рецепти. “ – вели Марија Кочовска од нашиот тим.
Доматен сос, лутенка или кечап изборот е ваш! – додава Марија.

Медитерански доматен сос во тегли
Идеален додаток во тестенини, за подготовка на болоњезе сос, лазања, мексикански сос или енчилада!
Состојки:
- 5 кг домати
- 1 лажичка оригано
- ½ до 1 лажичка мелен црн пипер
- 2-3 лажици морска сол – по вкус
- 1 лажица шеќер
- 5-10 листови босилек.
Подготовката на медитеранскиот доматен сос може да ја прочитате тука.

Рецепт за вкусна лутеница со кинати пиперки
Овој македонски специјалитет може да се сретне како лутеница, лутенка или лутица. Како и да се нарекува во вашиот крај, препознатлив е по пикантната арома на печените лути пиперки, дополнета со сос од домати и лук. Домашната лутеница со кинати пиперки е одлична за појадок со парче сирење. Може да ја испржите со јајца или да ја послужите како мезе со печен леб.
Состојки:
- 15 кг пиперки за ајвар
- неколку лути пиперки
- 10 кг домати
- масло по потреба
- сол по вкус
- 1 китка магдонос
- 1 главица лук (по вкус).
Подготовката на лутеницата може да ја прочитате тука.

Домашен кечап без конзерванси
Вака подготвениот домашен кечап има одличен вкус и наидува на позитивни коментари и емоции на задоволство од секој кој го пробал. Рецептот е од мојата пријателка Катерина и топло го препорачувам.
Состојки:
- 16 кг домати
- 200 г нишесте
- 120 мл винска киселина
- 4-5 лажици сенф
- 1/2 кг шеќер
- сол по вкус.
Подготовката на домашниот кечап може да ја прочитате тука.
Препорака од авторот:
Се надевам дека ти се допаднаа овие брзи и лесни рецепти и дека те мотивирав да направиш барем еден од нив. А, ако си во потрага и по други рецепти и идеи, посети ги моите профили на социјалните мрежи и пронајди ја твојата инспирација. Може да ме следиш и да разгледаш повеќе рецепти на:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- Youtube – Marija Kocovska
- Tik Tok – @marija.kochovska.
Автор на рецепт и фотографии: Марија Кочовска, @kocovska.marija.
Ви препорачуваме да прочитате: 9 совети за совршена зимница.