Вашата зимница може да биде вистинско ремек дело со кое ќе се гордеете! Точно е дека нејзината припрема може да биде напорна задача, но со неколку совети кои ќе ви ги дадеме и со вашиот труд, сигурни сме дека ќе добиете совршени домашни производи.
А бидејќи сезоната на зимници е тука, на сите нас од голема корист ќе ни бидат чисти тегли. Во нив можеме да складираме различните компоти, мармалади, ајвар и слично. За да не купувате нови тегли и да трошите пари, сега може лесно да ги исчистите и да искористете ги старите тегли од мајонез, корнишони и печурки. Еве како да го направите тоа.

Неколку совети кои сигурно ќе ви ја олеснат подготовката на зимницата
- За зимница скоро секогаш е најдобро да користите зрели, а никако презреани намирници.
- Теглите мора да бидат неоштетени и беспрекорно чисти, а најдобро да бидат сосем нови. Во спротивно, убаво измијте ги, исцедете ги врз чиста платнена крпа и непосредно пред турвање на зимницата пастеризирајте ги.
- Стерилизирајте го и останатиот прибор и садовите, па оставете ги да се исуши без бришење.
- За да спречите пукање на теглите при полнење со врелата содржина, под теглите ставете влажна ткаенина.
- Внимавајте на количините на сол, шеќер и киселина, како што е пример во медицинката салата.
- Предолго варење на намирниците предизвикува губање на хранливите состојки.
- Лимоновиот сок и шеќер помагаат за згрутчување на џемот и слаткото, а со додаток на вода се разредуваат.
- Пред затворање, капачињата, рабовите на теглите, чеповите и шишињата пребришете ги со алкохол.
- Зеленчукот кој се складира во киселина не се препорачува да го варите и печите. Бидејќи се јаде закиселен, се препорачува лицата кои имаат зголемено лачење на желудочна киселина, посебно да внимаваат. Тука можат да се вбројат пегланите пиперки, цвекло во тегли, феферони, руска салата и слично.
Ви препорачуваме да прочитате: Лесно исчистете ги трагите од лепак на теглите.