Готвењето може да биде многу поедноставно и позабавно доколку знаете некои мали кујнски трикови. Повеќето од нас до нив стигнуваат со искуството, но зошто да нѐ го искористиме знаењето на поискусните готвачи и со тоа да ги избегнеме сите незгодни мигови? Секојдневното готвење и брзањето некогаш нѐ тераат да заборавиме на основните правила, па ни се појавуваат мали проблеми. Затоа ви претставуваме мали кујнски трикови од кулинарските мајстори кои ќе ви го олеснат секојдневието.
Со развојот на технологијата нема повеќе кулинарски тајни. Сега сѐ е лесно достапно и сите можеме да готвиме скоро како професионалци. Потребно е само креативност, добра желба и некои мали кулинарски трикови, па забавата во кујната може да започне.

Три совети за подготовка на совршена супа: Доколку супата наликува на каша додајте повеќе вода
Со цел супата да е што повкусна и похранлива, често во неа додаваме премногу намирници, па кога ќе испари дел од водата истата останува премногу густа. Тина Ујлаки, уредничка на кулинарското списание Food & Wine, има едноставно решение – додајте вода секогаш кога ќе забележите дека супата ви се претвора во густа каша од зеленчук и месо. По потреба повторете ја постапката неколку пати додека супата се вари. Друг корисен совет при подготовка на супа е секогаш да ја варите во сад со капак. Тоа ќе ви помогне за намалување на процентот на вода и зачувување на хранливите состојки. Тина има и совет кој се однесува на зачините. Секогаш супата посолувајте ја на крај. Ако ја посолите на почетокот, водата ќе испари и на крај може да добиете пресолена и презачинета супа. Ова правило секако важи за различните сосови и слични јадења.
Ви загорело јадењето? Имајте на ум дека големината на сечканата храна треба да биде различна, во зависност од времето за подготовка
За разлика од летните месеци кога зеленчукот најчесто го јадеме свеж или кратко термички обработен, во зима најчесто подготвуваме топли оброци што значи повеќе ги пржиме и готвиме. И на најдобрите во кујната им се случува да имаат лош ден, па малото невнимание да доведе и до загорување на јадењето. Па, што да направите?
Врвната готвачка Ејприл Блумфид има совети за прва помош при ваквата кујнска „несреќа“. Таа советува дека секогаш треба да се има на ум дека некои зеленчуци термички побрзо се обработуваат од другите. Ако во јадењето имате моркови, компири, брокула и карфиол, започнете така што првите две намирници ќе ги исечкате на поситни коцки. Брокулата и карфиолот се приготвуваат за побрзо време, па затоа слободно исечкајте ги на поголеми парчиња. На овој начин ќе го избегнете проблемот со нерамномерното готвење, при што некои намирници остануваат сирови, а други загорени. Но, откако јадењето ќе загори, одвојте го зеленчукот кој потемнел од оној кој е добар за консумација. Притоа, мора да бидете внимателни и секогаш прво проверете дали храната добила вкус на загорено.
Доколку храната убаво изгледа, таа ќе биде повкусна
Речиси сите готвачи се едногласни дека храната прво се јади со очите, а дури потоа со устата. Тоа е и причината зошто сите се трудиме храната да изгледа примамливо. Затоа секогаш вреди да се вложи малку повеќе труд, за сѐ она што сме зготвиле на крај убаво и да го сервираме. Секогаш е добра идеја да си поиграте со боите и со слоевите додека ја редите храната на чинија. Можете да искористите листови зелена салата како подлога или пак да го исечете зеленчукот на некој креативен начин. Во продолжение еве некои наши предлози за декорација на храна.
- Совршена декорација ружа од тиквичка
- Исечете дома спирала од компири
- Декорирајте ја трпезата со совршени ружи од цвекло
- Гарнирајте со креативни цветови од морков
- Брановидна краставица за гарнирање.
Кои се вашите кујнски трикови кои вреди сите да ги знаеме? Споделете ги во коментар.
Ви препорачуваме да прочитате: 7 кујнски трикови кои ќе ви помогнат при готвењето.