3 митови за храната

Речиси секој ден дознаваме нови информации за влијанието на исхраната врз здравјето на луѓето. Бидејќи ова прашање е од исклучително значење за сите нас, малку истражувавме и ви ги откриваме најчестите митови за храната.

Каков леб треба да јадеме? Дали се дозволени рафинирани шеќери и маргарин во секојдневната исхрана? – Во продолжение дознајте кои се најчестите митови за храната.

3 митови за храната

Мит број 1: Јајцата се лоши за срцето

Иако јајцата содржат значителни количини на холестерол, посебно во жолчката, тоа не значи дека треба целосно да се исфрлат од исхраната. Околу 30% од холестеролот во крвта доаѓа од храната, а 70% го произведува црниот дроб, претворајќи ги заситените масти од храната во холестерол. Затоа, заситените и транс мастите значително влијаат на нивото на холестерол во крвта. Едно јајце содржи 2 грама заситени масти (10% од препорачаната дневна количина) и воопшто не содржат транс масти. Покрај тоа, жолчките содржат лутеин и зеаксантин, материи кои го намалуваат ризикот од макуларна дегенерација поврзана со возраста, водечка причина за слепило кај луѓето над 50 години.

Мит број 2: Маргаринот е нездрав хемиски производ

Една од состојките во производството на маргарин претходно се добивала преку процесот на хидрогенизација и содржела транс масни киселини. Меѓутоа, со текот на времето во неговото производство се користат поприродни, иновативни и помалку преработени суровини. Поради тоа, повеќето од маргарините денес не содржат транс масти, а богати се со незаситени масни киселини кои се сметаат за „добри“ масти. Исто така, збогатени се со витамините А, Д и Е и не содржат холестерол.

Мит број 3: Јаглехидратите се причина за зголемување на телесната тежина

Јаглехидратите сами по себе немаат никаква врска со прекумерната тежина. Се дебелееме кога внесуваме повеќе калории отколку што согоруваме. Јадењето големи количини на храна која содржи рафинирани јаглехидрати, како бел леб, тестенини или крофни, секако може да ја зголеми телесната тежина и ризикот од срцев удар.

Но, „добрите јаглехидрати“, како што се цели зрна, особено овес, јачмен, леќата или мешунките, се главниот извор на енергија. Лебот направен од интегрално брашно, на кој се додаваат семки и маслиново масло, содржи многу корисни влакна и витамини.

Ви препорачуваме да прочитате: 4 совети за добро варење на храната.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: