Најчести причини за опаѓање на косата

3 најчести причини за опаѓање на косата. Како да ги препознаеме и да си помогнеме? – совети од д-р Нела Деспотовска

Забележуваш дека косата ти опаѓа и со текот на времето е поретка? – Дали знаеш дека дури две третини од мажите на возраст до 30 години се соочуваат со опаѓање на косата? Но, и жените се соочуваат со проблеми на опаѓање на косата, особено по 40-тата година. Кои се најчестите причини за опаѓање на косата и што може да направиме за да си помогнеме? – На оваа тема поразговаравме со д-р Нела Деспотовска. 

Ако косата ти опаѓа и станува сѐ потенка, прочитај го текстот до крај и откриј ја можната причина. 

Опаѓање на косата

Често слушаме дека генетиката има голема улога за опаѓањето на косата. Како може да препознаеме кога опаѓањето е предизвикано од генетскиот фактор?  

Генетскиот фактор има значајно влијание врз опаѓањето на косата. Андрогенската алопеција, најчестата форма на опаѓање на косата, е генетски наследна која се манифестира како прогресивно губење на косата поради зголемена чувствителност на фоликулите на андрогени хормони, особено тестостерон и дихидротестостерон. Се јавува со текот на годините, а може да започне по пубертетот. Кај мажите со оваа состојба, косата најчесто опаѓа на темето на главата. Кај жените со андрогенетска алопеција, косата обично станува потенка на целата глава.

Дали небалансирана исхрана и диетите може да бидат причина за опаѓање на косата? 

Недостатокот на одредени нутриенти може да предизвика опаѓање на косата. Ригорозните диети кои имаат низок процент на протеини или одредени витамини и минерали како железо, понекогаш предизвикуваат прекумерно опаѓање на косата. Опаѓањето на косата може да се јави при недостаток на железо, витамин Д, цинк, витамини од Б групата (особено биотин, витамин Б12, рибофлавин и фолати), како и витамин Ц кој помага во апсорпцијата на железото. Овие нутриенти се важни за здрав раст на косата и функцијата на фоликулите.

Додатоци кои можат да помогнат се: 

Iron Ferrochel™ – Iron 18 mg (Ferrochel®) е уникатен, целосно хелиран производ формиран со врзување на железо со две органски молекули на глицин. Малата молекулска големина на Ferrochel® му овозможува да остане недопрена низ гастроинтестиналниот тракт со што се постигнува оптимална апсорпција, без стомачни тегоби.

Vitamin D-3 – NOW® Vitamin D-3 го обезбедува овој клучен витамин во високо апсорблива течна форма на мека капсула.

L-OptiZinc – L-OptiZinc® е форма на комплекс на цинк со аминокиселина Метионин. Истражувањата покажаа дека овој производ подобро се апсорбира и се задржува подолго во споредба со други тестирани форми на цинк.

Methyl B-12 – Метилкобаламин е ко-ензимска форма на витаминот Б-12 која се покажа дека е особено важна за одржувањето на здрав нервен систем. Диететските извори се речиси исклучиво од животинско потекло (месо и млечни производи) и дополнување со Б-12 може да биде особено важно за строгите вегетаријанци.

Methyl Folate – Methyl Folate е биолошки активнa, природнa форма на фолат кој се користи за фундаментални функции на организмот како нормална клеточна делба и синтеза на невротрансмитери и ДНК.  Quatrefolic® е патентирана форма на Methyl Folate со докажана супериорна биорасположивост во споредба со фолната киселина од прехранбените извори.

AlphaSorb-C е најдобар извор на некиселинска форма на витамин Ц, кој има 4 пати поголема апсорпција од обичниот витамин Ц и 300% поголема биорасположливост.

Додатоци против опаѓање на косата

Споменатите додатоци може да ги набавите преку:

  • Веб продавницата на vitamini.mk со бесплатна достава на домашна адреса
  • Во поголемите аптеки низ земјата.

Како влијаат хормоните за опаѓање на косата? Кои лица го имаат овој проблем?

Хормоните имаат голема улога во нашето тело, па дури и кога станува збор за косата. Лицата кои се соочуваат со хормонален дисбаланс може да имаат проблеми со опаѓањето на косата. Чести причини за опаѓање на косата поврзани со хормоните се:

  • Менопауза
  • Породување
  • Проблеми со тироидната жлезда
  • Синдром на полицистични јајници поради покаченото ниво на инсулин
  • Стрес поради покаченото ниво на кортизол.

Со правилен третман на овие состојби може да се намали опаѓањето на косата. Додатоци кои може да помогнат кога опаѓањето на косата е предизвикано од хормонска природа се:

Билка мака за жени во менопауза

Маката ја регулира функцијата на јајниците и помага во контрола на нивото на естроген и прогестерон, што е клучно за ублажување на симптомите на менопауза како што се нередовни циклуси, горештини и опаѓање на косата.

Inositol за жени со полицистични јајници 

Инозитол (мио-инозитол) се препорачува кај жени со синдром на полицистични јајници (PCOS). Инозитолот помага за баланс на хормоните, ја подобрува чувствителноста на инсулин и ја зголемува стапката на овулација, што значително ги намалува симптомите на PCOS како што се неправилни менструации, покачени нивоа на тестостерон, проблеми со плодност и опаѓање на косата.

Ашваганда кај лица подложни на стрес

Ашвагандата има значајно влијание врз регулирањето на кортизолот, хормонот на стресот. Таа делува како адаптоген кој помага телото да се прилагоди на стресните ситуации преку модулација на оската хипоталамус – хипофиза – надбубрежна жлезда (HPA оска), што резултира со намалување на синтезата и секрецијата на кортизол. Клиничките студии покажуваат дека редовната употреба на ашваганда значително ја намалува анксиозноста и нивото на кортизол, помагајќи телото поефикасно да се справи со стресот и да ја подобри општата благосостојба.

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги vitamini.mk на телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 часот или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Важно: Консултирајте се со лекар пред употребата на додатоци во исхраната, особено ако веќе користите лекови или имате хронични заболувања.

Може да те интересира: Како да го превенирате губењето на косата кога се обидувате да ја намалите телесната тежина?

Текстот е овозможен од vitamini.mk

Сподели: