3 омилени зимски зачини кои го чуваат здравјето

Уживајте во мирисот на зачините кои ги красат ладните зимски денови! Освен што се вкусни и на јадењата им даваат посебна арома, најпознатите зимски зачини позитивно делуваат и на здравјето. За таа цел, ги избравме најдобрите зачини кои ги препорачуваат нутриционистите во есенско-зимскиот период и подолу може да прочитате повеќе за нив!

Каранфилчето е најпопуларен зачин за подготовка на варено вино

Ако зимата „мириса“ по некој зачин, тогаш тоа е каранфилчето. Тоа е богато со ароматични масла и се употребува при подготовка на компоти, варено вино, пунч и слатки јадења. Има лековити својства, така што помага при дишни проблеми, го подобрува варењето на храната, ефикасно е при забоболка, штити од воспаленија... Најчесто се користи за подготовка на варено вино, а многумина го додаваат за подготовка на Божиќни колачи. Во кулинарството каранфилчето се користи и за подготовка на месо и чорби, а одлично се комбинира со рузмарин, мајчина душица и пимент.

зимски зачини

Морското оревче се користи за подготовка на вкусните медени колачиња

Ова е еден од омилените божиќни зачини кои воодушевуваат со својата арома и вкус. Мускатното оревче совршено се вклопува во различни солени и слатки јадења, чаеви, а е одлично за здравјето ако се користи во мали количини. Најпознат е како зачин за подготовка на вкусните медењаци – колачиња кои совршено се вклопуваат со чаша варено вино. А друг, баш опуштен начин да ги искористите придобивките од него, е ако си направите домашно варено вино, па ви предлагаме да го пробате нашиот испробан рецепт за празничното варено вино со портокал и зачини.

vareno vino so morsko orevce 3

Циметот помага при настинки и ги зајакнува коските

На пазарот може да се најде цимет во прав и во кора. Иако има бројни лековити својства, циметот најчесто се користи како зачин. Тој е еден од најстарите зачини кои се користеле во светот, а редовната консумација помага за заштита од настинки, ги зајакнува коските, ја намалува мачнината и помага при повраќање. Освен тоа, ако сакате да ги намалите килограмите, што почесто користете цимет. Тој го забрзува метаболизмот и може да ви помогне за убава фигура за време на празниците!

Наша препорака

Кога станува збор за зимски зачини, може да се каже дека веднаш се присетуваме на богатата зачинска палета на Рајска градина, ги купуваме омилените зачини и ви ги препорачуваме каранфичлето, морското оревче и циметот. Повеќе за понудата на Рајска Градина може да дознаете тука на овој линк или да ја посетите нивната фан страница Rajska Gradina.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 зачини кои се храна и лек.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: