Никој не сака да купи месо кое не е свежо, а особено не во некои свечени мигови кога сакаме нашата трпеза да заблеска во полн сјај. Ако често пати ви се случува да се двоумите и не сте сигурни како да препознаете дали месото е свежо или не, погледнете ги нашите совети и станете вистински експерт кој секогаш знае да избере најдобро свежо месо.
Црвената боја на месото често знае да не прелаже, но неговиот мирис сигурно нема. Не секогаш важи „правилото“ на бојата. Така, светлоцрвената боја не мора да значи дека месото е свежо, ниту пак темната, не мора да значи дека истото е расипано. Бојата на месото, исто така е зависна од други фактори, како што се изложеноста на кислород, топлина и светлина во месарницата или продавницата. Па, како да сме сигурни и да знаеме месото е свежо? – Прочитајте ги нашите едноставни, но корисни совети.

Допрете го и помирисајте го месото што сакате да го купите
Замолете го вашиот месар да ви го покаже избраното парче месо и да ви дозволи истото да го допрете и помирисате. Непријатниот мирис е сигурен показател дека месото не е свежо и не е добро за консумација. Доколку површинскиот слој на месото е слузав, тоа е уште еден доказ дека веќе започнал процесот на развој на бактерии и подобро е тоа месо да не го купувате.
Зголемените течности во месото укажуваат на негова старост
Подлогата на која стои месото е прилично важен услов кој помага да се одреди неговата свежина. Притоа, интересно е тоа што како свинското, така и пилешкото и говедското месо, а и некои морски плодови, пожелно е да се складираат во амбалажа од стиро – пена. Ова го споменуваме заради тоа што подлогата под месото ја впива течноста која излегува од него, односно треба да се има предвид дека вишокот на течност е показател за состојбата со неговата свежина. Доколку месото се наоѓа веќе некое време на полиците во маркетот или месарницата, подлогата може да ги впие овие течности. Пробајте притиснете го месото и ако има вишок течности, тие ќе се појават на сите страни, што значи не е баш најдобар избор за купување.
Информирајте се во вашата локална месарница или маркет во кои денови добиваат свежо месо
Ако сакате да имате вкусен и сочен ручек, најдобро е да се информирате во кои денови пристигнува месото во вашата локална месарница или маркет, и во тие денови да го купувате. Така секогаш ќе бидете сигурни дека месото е свежо, а вашите јадења ќе бидат совршено вкусни, здрави и безбедни за консумација.
Совет плус: Ние имаме избрана и проверена месарница која секогаш излегува во пресрет на нашите очекувања и топло ви препорачуваме да ја посетите Агриа. Месото е со врвен квалитет, кој се должи на принципот од „нива до трпеза“. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна. Штом еднаш ќе го пробате свежото месо од Агриа, сигурни сме дека тоа ќе биде ваш прв избор! Па, посетете некоја од нивните месарници ширум земјата или побарајте го во Тинекс и Рамстор маркетите и на здравје!

А, за сите новости и акции може да ја посетите новата веб страница на Агриа или нивната фан страница на Facebook.
Ви препорачуваме да прочитате: 5 најчести грешки кои ги правиме при пржење на месо.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.