domasni sirupi protiv kaslica 1

3 природни домашни сирупи против кашлица

Веќе знаете дека неодамна ја споделивме со вас нашата листа на домашни и корисни природни чаеви и комбинации кои помагаат при кажлица, настинки и грип. И, како што најавивме, во оваа прилика, повелете уште 3 природни рецепти за  домашни сирупи против кашлица. Секој од нив има своја вредност и начин на подготовка. Прочитајте ги одделните карактеристики на нивните линкови и негувајте го здравјето!

Може да ве интересира: 4 природни домашни чаеви против кашлица.

domasni sirupi protiv kaslica 2

Лековити сирупи од домашната аптека:

  • Природен сируп за смирување на сува кашлица – Ако подолго се соочувате со сува кашлица и имате проблем со грлото, а сметате дека можете да си помогнете сами, не сте можеле да отидете на лекар или преферирате прво да пробате со домашно лекување, имаме за вас еден предлог за природен сируп за смирување на сува кашлица кој може да го пијат и мали деца.
  • Домашен сируп против кашлица од ловоров лист – Непријатната кашлица е чест проблем во овој период од годината, но треба да знаете дека лекот се „крие“ во вашиот дом. На природен и домашен начин, можете да направите природен сируп кој е домашен лек против кашлица. Помага за да се излечите и да ја вратите енергијата.
  • Домашен сируп против кашлица од хељда – Цветовите на хељдата имаат јак мирис од кој што се добива специфичен мед со јак вкус и темна боја. Токму од овој мед, може да си направите домашен сируп против кашлица, кој многу поволно би влијае, посебно во овој период од годината, кога настинките и кашлиците се честа мака. Подолу може да го прочитате рецептот за овој сируп. Не е тежок за подготовка, а здравјето ќе ви биде благодарно!

Ви препорачуваме да прочитате: 5 природни сирупи кои помагаат при кашлица.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: