чаеви против артритис

4 билни чаеви кои помагаат при артритис

Ако вкочанетоста и болките во зглобовите ви го отежнуваат секојдневието, побарајте помош во билните чаеви кои помагаат при артритис и може значително да ги ублажат тегобите. Д-р Махса Техрани – реуматолог, заболените од артритис ги советува секојдневно да консумираат чаеви како ѓумбир, шипка, зелен чај и коприва.

Овие чаеви содржат полифеноли како катехини, галати и апигенини. Полифенолите го намалуваат воспалителниот процес, а со тоа отеченоста и болките. Освен консумацијата на чаеви, се препорачува и правилна исхрана која вклучува изобилство на свежо овошје и зеленчук. Покрај тоа, за да се намали воспалението се препорачува ограничување на внесот на шеќери, пастеризирано млеко и преработена храна.

чаеви против артритис

Чај од шипки

Плодот од шипките или диви ружи е богат извор на витамин Ц, антиоксиданс кои докажано ги намалува болките предизвикани од воспалителните просеци. Истражувањата покажале дека лицата кои боледувале од артритис, а консумирале чај од шипки, забележале подобрување на флексибилноста на зглобовите и намалување на болките. Шипката помага и за регенерација, односно обновување на зглобната рскавица.

Подготовка на чај од шипки

Една лажица сушен или свеж издробен плод од шипка полијте го со 350 мл топла вода и оставете го да отстои 3-5 минути. Исто така можете да искористите чај од шипка во филтер вреќички. Земете една вреќичка Vitea чај од шипки на Витаминка и полијте ја со 200 мл топла вода. Поклопете го садот и оставете го да отстои 3-5 минути. По желба во чајот додајте прстофат цимет и мед. Чајот од шипки пијте го свежо припремен.

Чај од коприва

Копривата уште од антички времиња се користела како лековито растение. Витамините, танините, хлорофилот и солите на железо кои ги содржи природниот чај од коприва, го нормализираат метаболизмот на мастите во организмот, ги намалуваат тегобите при артритис, ја подобруваат крвната слика и дејствуваат благотворно на циркулацијата.

Подготовка на чај од коприва

Земете една вреќичка чај од коприва и полијте ја со 200 мл топла вода. Поклопете го садот и оставете го да отстои 3-5 минути. Чајот од коприва пијте го свежо припремен и засладен со мед по желба.

Зелен чај

За зелениот чај сме пишувале многу пати, а и вие сигурно веќе знаете дека е еден од најздравите напитоци на светот. Едно истражување од 2016 година, објавено во списанието Arthritis & Rheumatology покажало дека зелениот чај содржи полифенолни состојки (EGCG епигалатокатехин-3-галати) кои ги блокираат негативните ефекти од артритисот, а притоа не влијаат на останатите функции на клетката.

Подготовка на зелен чај

Земете една вреќичка Vitea зелен чај и полијте ја со 200 мл топла вода (на 80 степени). Поклопете го садот и оставете го да отстои 3-5 минути. Зелениот чај пијте го свежо припремен, а во него можете да додадете и парче лимон. Или изберете Vitea зелен чај со лимон и уживајте во топлиот напиток.

Чај од ѓумбир

Ѓумбирот е познат како корен кој има моќни против воспалителни својства. Чајот од ѓумбир освен што е лековит за зглобовите, го грее и телото што го прави погоден за зимскиот период. Едно тајландско истражување спроведено во 2016 година ја докажало лековитоста на ѓумбирот за заболените од артритис. Забележано било дека кај испитаниците кои на дневна база консумирале по 25 мг ѓумбир во комбинација со 5 г ехинацеа, тегобите предизвикани од артритис значително се намалиле.

Подготовка на чај од ѓумбир

Исечкајте или изрендајте парче свеж корен од ѓумбир. Истото покријте го со 200 мл врела вода. Поклопете го садот и оставете го да отстои барем 10 минути. Во млакиот чај може да додадете малку мед кои исто така може да го заштити вашето здравје и имунитет. Чајот секогаш пијте го свежо подготвен.

Совети плус:

  • Ако пиете било какви лекови, пред консумација на овие чаеви посоветувајте се со својот доктор заради можни интеракции помеѓу состојките присутни во чајот и лековите.
  • Чаевите пијте ги во мали голтки. Никогаш немојте да пиете врели чаеви.
  • Направете чај и во мир и тишина пијте го, додека почувствувате како телото се релаксира, а против воспалителните состојки од чајот започнале да ја прават својата задача.

Ви предлагаме да прочитате: Најчести грешки при подготовка на чај кои можеби ги правите.

*Комерцијален текст

Сподели: