Секој човек мечтае за здрава и мазна кожа. Но, за жал, многу луѓе ги измачуваат кожните проблеми како што се црвенило и испукани капилари на лицето. Оваа состојба медицински е позната како купероза и сеуште не се познати нејзините предизвикувачи. Се претпоставува дека за тоа се виновни гените и ослабеното сврзно ткиво, но за нејзиното појавување секако се одговорни и некои внатрешни и надворешни фактори како стрес, УВ зрачење, алкохол, кофеин, презачинета храна или хормонална нерамнотежа.
Од овие непријатни појави на лицето може да се ослободите со помош на ефикасни и проверени народни средства. Во продолжение ви претставуваме неколку домашни третмани против црвенило и испукани капилари на лицето.

Третман со алое вера
Состојки:
- листови од алое вера
- зелен или црн чај
Начин на користење:
- Исечете надолго еден лист од алое вера и чувајте го неколку дена во фрижидер.
- Пред спиење лицето темелно исчистете го со зелен или црн чај, а потоа премачкајте го со исечената страна од листот од алое вера. Доколку почуствувате слабо печење, обидете се да издржите, бидејќи тоа најчесто се повлекува после 2-3 третмани.
- Оваа постапка повторувајте ја на секој втор ден за време од 2 недели.
Третман со зелен домат
Состојки:
- зелен домат
- хидратантен крем
Начин на користење:
- Исечете го зелениот домат на парчиња и ставајте го на проблематичните делови на кожата од лицето и држете го околу 3 минути. Зелениот домат содржи киселини кои активно дејствуваат во намалувањето на црвенилото и испуканите капилари.
- Потоа, на лицете нанесете хидратантен крем.
- Постапката повторувајте ја 10 дена.
Третман со магдонос и млеко
Состојки:
- 1 китка магдонос
- 100 мл врела вода
- 50 мл млеко
Начин на подготовка и употреба:
- Ставете една китка магдонос во стаклен сад и прелијте ја со 100 мл врела вода. Садот покријте го и оставете го да стои околу ½ час.
- Потоа процедете го магдоносот и во водата додајте 50 мл млеко.
- Со добиената смеса натопете една помала памучна крпа, исцедете ја и ставете ја на лицето. Крпата држете ја околу 20 минути.
- Постапката повторувајте ја секојдневно за време од 20 дена, а потоа практикувајте ја по потреба.
Третман со жалфија и млеко
Состојки:
- 4 лажици сува жалфија
- 200 мл врела вода
- 200 мл млеко
Начин на подготовка и употреба:
- Во стаклен сад ставете 4 лажици сува жалфија и прелијте ја со 200 мл врела вода. Садот затворете го и оставете го да стои околу 10 минути.
- Потоа процедете ја течноста од жалфијата и во неа додајте 200 мл млеко.
- Лицето измијте го со вода, а потоа темелно пребришете го со оваа течност. После 10 минути премијте го лицето со преостанатата течност, а потоа преплакнете го со ладна вода неколку пати.
- Постапката може да ја повторувате секојдневно или се додека забележите подобрување на кожата на лицето.
Совет плус: Покрај овие третмани, за да се ослободите од овие непријатни кожни проблеми треба да го смените и животниот стил. Оставете ги цигарите и алкохолот, вежбајте и хранете се здраво.
Ви препорачуваме да прочитате: Домашен третман за намалување на флеките на лицето.