зачини за имунитет

4 најпознати зачини и нивната употреба

Скоро и да не постои јадење кое се подготвува без зачини. Зачините се важен дел од многу јадења, како солени, така и благи. Тие им даваат подобар вкус на месото, салатите, тортите и другите јадења. Има безброј зачини и се користат на разни начини. А, како се употребуваат најпознатите зачини – дознајте од текстот.

Секој зачин си има свој вкус и своја намена. Сепак, не секој од нас би можел да знае точно за секој зачин во која храна се употребува. Доволно е да се знае намената на најчесто употребуваните зачини.

зачини за имунитет

Лук

Како зачин и растение со позитивно влијание, лукот е најраспространет и најупотребуван низ целиот свет. Се користи свеж, а го има и во прав. Се додава во разни манџи, варива, сосови, јадења од риба и месо, маринади и слично. Во јадењата може да се става ситно или крупно сечкан, рендан или едноставно да се користи лук во прав. Од лукот се прави вкусно макало.

Ѓумбир

Свеж, сушен или во прав, овој зачин со пикантен вкус е составен дел од разни компоти, ликери, торти, колачи, јадења од морков, тиква и батат. Особено е ценет чајот од ѓумбир.

Цимет

Циметот е застапен на пазарот во стапчиња и во прав, а најупотребуван е во прав. Циметот во прав има пријатен вкус и мирис. Најчесто се додава во слатки јадења како торти, колачи, печива, а не е исклучена неговата употреба и во солена храна. Претставува составен дел и на некои пијалоци. Претежно се става во топло чоколадо, варено вино, овошни компоти, кафе и салеп.

Магдонос

Универзален зачин за супа, варива, манџи, салати, маринади и сосови. И коренот, листот и стеблото на магдоносот се јадливи и се користат како зачин. Во јадењата, магдоносот може да се додава свеж сечкан, цели парчиња или сушен. Листовите не мора да се готват, односно може да се употребуваат и свежи.

Сите споменати зачини може да ги набавите од богатата зачинска палета на Рајска Градина. Посетете ја нивната веб страна или фан страна на Facebook и разгледајте ги сите производи кои ги нудат. Вкусни, здрави и идеални за секое јадење!

Ви препорачуваме да прочитате: Потврдено најдобри зачини за силен имунитет.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: