бели дамки на ноктите

4 причини за појава на бели дамки на ноктите

Украс на убавите раце се негувани и здрави нокти, кои се одраз на здраво тело. Но, загрижени сте за белите дамки на ноктите? Знаете ли кои се причините за појава на бели дамки на ноктите и што може да направите за да си помогнете? Прочитајте во текстот кој следува.

Се смета дека жените се грижеле за изгледот на своите нокти уште 5.000 години пред нашата ера, кога Индијките ги декорирале ноктите со к’на, a Кинезите ги украсувале своите нокти со жолчка од јајце, растителни бои и пчелин восок. Квалитетот и здравиот изглед на ноктите можат да бидат нарушени од околните фактори, како ниски температури, честите маникири и користењето на ацетон, различни физички оштетувања, лошата исхрана и недоволниот внес на вода. Изложеноста на овие фактори може да доведе до суви и кршливи нокти, вертикални и хоризонтални вдлабнувања и испапчувања, промени во бојата и појава на пеги и дамки.

бели дамки на ноктите

Зошто се јавуваат бели дамки на ноктите?

Белите дамки може да се јават на ноктите на рацете и нозете. Ова е чест проблем со кој се соочуваат многу здрави лица во некоја фаза од животот, а не укажува на некое сериозно заболување.

Најчестата причина за боја на бели дамки е повреда на нокотот. Честите маникири и педикири или употребата на гел или акрил на ноктите доведуваат до оштетување на ноктите. Но, постојат и други причини кои може да доведат до појава на бели дамки, како што се:

  • алергиска реакција
  • габична инфекција
  • недостаток на минерали.

Алергиска реакција

Лакот за нокти, сјајот, зацврстувачот или отстранувачот на лак може да предизвикаат алергиска реакција која може да доведе до појава на бели дамки на ноктите. Употребата на акрил или гел може да ги оштети ноктите, а како резултат на тоа да се појават бели дамки.

Габична инфекција

Имате бели дамки на ноктите на нозете? Може да бидат предизвикани до габички. Првиот знак за габична инфекција се неколку мали бели точки на ноктите. Инфекцијата може да се зголеми и да го зафати цел нокот. Ноктите стануваат слаби и кршливи.

Повреда на нокотот

Повредата на основата на нокотот може да доведе до појава на бели точки или дамки како што нокотот расти. Симптомите и белите дамки на нокотот може да се забележат 4 недели или повеќе по повредата. Ударот на ноктите од врата, со чекан или пак од масата се најчести причинители за оштетување и појава на бели дамки.

Недостаток на минерали

Појавата на бели дамки или точки може да укажува на недостаток на некои витамини и минерали. Тоа најчесто се поврзува со недостаток на цинк и калциум. Баласираната исхрана и одржувањето на адекватно ниво на витамини и минерали е значајно за превенција и одржување на здравјето на ноктите.

Совет од Д-р Нела Деспотовска: Што може да ви помогне при недостаток на минерали и појава на бели дамки на ноктите?

Суплементите богати со калциум и цинк може да ви помогнат за надминување на проблемот со белите дамки. Калциум цитратот е лесно сварлива и апсорблива форма на калциум, минерал кој е неопходен за одржување на здравјето на ноктите, косата, кожата и коските. Витаминот Д, магнезиумот, цинкот, бакарот и манганот се присутни во производот поради нивната есенцијална улога во метаболизмот на коските, а со тоа се овозможува максимална двојна апсорпција (интраклеточна и вонклеточна). Калциум цитратот е 2.5 пати повеќе биорасположлив отколку калциум карбонатот. Благодарение на тоа што не бара екстра стомачна киселина за апсорпција е идеален за повозрасни луѓе (продукцијата на киселина се намалува со годините). Важно е тоа што не предизвикува нус-појави како што се: настанување камен, гасови, чувство на мачнина и болки во желудникот по консумирање. Вегетаријанската (веганската) формула го прави идеален за сите, особено погоден за лица кои не консумираат животински производи.

бели дамки на ноктите калциум

Повеќе информации за калциум цитратот прочитајте на страницата на Тримексод каде што може и да го набавите. Исто така калциум цитратот може да се најде низ аптеките во Македонија. Секако доколку читателите имаат потреба од дополнителни информации за користењето на овој суплемент, може слободно да ме контактираат преку вашиот меил info@sezahrana.mk или пак да се јават на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000 – вели Д-р Нела Деспотовска.

Грижете се за себе и своето здравје. Тоа е најважно!

Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела советува: Симптоми при недостаток на калциум и растителни извори.

*Спонзориран текст

Сподели: