Не постои жена која е имуна на целулит. Ни совршениот индекс на телесна тежина не е гаранција дека нема да имате целулит. Сите кои имаат, знаат дека бара упорност за да се отстрани, но доброто е што не е невозможно. Не се откажувајте, бидете упорни и намалете го што повеќе. Еве неколку корисни совети кои помагаат!
Може да ве интересира: Нежна кожа без целулит! Искористете го старото кафе за нега на кожата!

Посветете внимание на исхраната и пиењето вода – правете барем повремени детоксикации
Зеленчукот содржи многу витамини и минерали кои се неопходни за создавање и зајакнување на сврзното ткиво. Кога во исхраната има застапено доволна количина на зеленчук, секако со намален внес на јаглени хидрати (посебно кога станува збор за прости јаглени хидрати) и надополнето со поголем или доволен внес на протеини и вода, во голема мера му помагаме на организмот во процесот на уништување на целулитот.
За да се ослободите од целулитот во целост, треба да се откажете од храната и пијалаците кои содржат конзерванси и вештачки додатоци, како и од претерано мрсната храна. Да намалите со консумација на млеко и млечни производи, сосови и преливи, маргарин, шеќер и слатки. Исто така, треба да се откажете од претерано солената храна, од алкохолот, цигарите, па дури и кафето. На овој начин, се постигнува ефект на детоксикација на телото, се отстрануваат штетните материи и метаболизмот функционира многу полесно. Како резултат на тоа, телото помалку задржува течности и станува помалку надуено, се подобрува фигурата и се добива здрав и тониран изглед на кожата.
Во исхраната вклучете месо со помал процент на масти како пилешко и риба, интегрални житарки, интегралеб леб, варени јајца, динстуван и свеж зеленчук, повеќе свежо овошје на гладно, три часа пред појадок.
Важно правило е да избегнувате да пиете течности непосредно после јадење или тоа нека биде во минимални количини, голтка или две. Течност во поголеми количини пијте 2 часа после оброк или 1 до ½ час пред оброк, како и на празен стомак. Пијте барем 2 литри вода дневно. Тоа и тоа како помага за полесно слабеење и борба против целулитот.
А, ако сакате да искористите и дополнителна помош од суплементи, ви препорачуваме да пробате со консумирање на алфа-липоична киселина или Alpha Lipoic Acid антиоксидансот, која е богата со витамините Ц и Е, а што е важно е силен елиминатор на слободните радикали. На тој начин помага за детоксикација, а како што спомнавме погоре, истата е неопходна за нормално и полесно функционирање на организмот. Може да ја најдете во сите поголеми аптеки и на онлајн продавницата на Тримекс. Исто така, доколку сакате да дознаете повеќе може да се јавите на телефонот 02/32 46 000 на Тримекс и да ја консултирате Д-р Нела Деспотовска директно или да ги контактирате на e-mail: info@trimeks.com.mk. Пред употреба, секако корисно е и препорачуваме да се советувате со вашиот лекар, а подолу може да погледнете како изгледа пакувањето од алфа-липоична киселина (Alpha Lipoic Acid).

Правете вежби кои помагаат против целулит
Активираните мускули „буквално го пеглаат“ целулитот. Еве една одлична вежба против целулит на бутовите: легнете на под, потпрете се на колената и рацете така што тежината ќе ја префрлите врз рацете. Потоа, испружете ја на назад десната нога. Затегнете ги врвовите на прстите на ногата и полека кревајте ја и спуштајте ја најмалку 20 пати. Потоа, исправете се, па повторете ја целата постапка со левата нога.
Може да ве интересира: 5 причини кои доведуваат до појава на целулит.
Правете си третмани додека се туширате
Масажата ја поттикнува циркулацијата и ги елиминира вишокот течности од организмот, ја затегнува кожата и овозможува истата подобро да ги апсорбира лосионот или млекото за тело кои подоцна ќе ги нанесете. Добро е барем еднаш во седмицата да си направите антицелулитен пилинг. Сѐ што треба да направите е да измешате 2 чаши крупна морска сол, со ¼ чаша топла вода и 1 чаша маслиново масло. Додека се туширате, истријте ја кожата со оваа смеса, почнувајќи од стапалата на горе. Кожата ќе стане видливо помазна и посјајна.
Масирајте се
Рачната масажа, гмечењето и штипкањето ја поттикнуваат лимфната дренажа и го стимулираат процесот на излачување на вода. Масирајте се секојдневно, наутро и навечер по 10 минути. Штипкајте ја кожата со палецот и показалецот, така што под прстите ќе ја почувствувате текстурата на целулитот. Притискајте ја кожата преку целата должина на бутовите, нозете и задникот, но притоа бидете внимателни и нежни за да не си направите модринки.
Ви препорачуваме да прочитате: Потрага по вечна младост! Топ намирници го забавуваат стареењето.
*Спонзориран текст.