4 причини да го вклучите пилешкиот колаген во вашата исхрана 1

4 причини да го вклучите пилешкиот колаген во вашата исхрана

Пилешкиот колаген во последно време многу брзо се здоби со популарност поради верувањето дека тој помага во лекувањето на проблемите со кожата и со варењето на храната. Но, всушност најолемата слава ја стекна  благодарение на неговата способност да ја излечи болката во зглобовите и некои воспалителни заболувања.

Доколку досега не сте слушнале за користа од пилешкиот колаген, можеби сте го сретнале под некое негово друго име. Тој е уште познат и како колаген тип 2, UC 2, неденатуриран пилешки колаген тип 2 или пак како пилешка ‘рскавица. Колагенот е всушност протеин кој се наоѓа во самата ‘рскавица, како и во ткивата и коските на живината. Повеќето животни и леѓето имаат колаген во телото, особено во кожата, коските и зглобовите, па затоа на нашиот организам колагенот му е корисна состојка. А, кога станува збор за пилешкиот колаген, тој е најпопуларен затоа што споредено со другите типови има најголема примена за лековити цели.

Ви препорачуваме да прочитате повеќе информации: Kолаген – клучот за вечна младост на лицето и телото.

4 причини да го вклучите пилешкиот колаген во вашата исхрана 2

 Ја подобрува еластичноста на кожата

Еден од најпознатите предности на колагенот е токму користа за кожата. Колагенот помага во создавањето на еластин, кој и помага на кожата да го задржи својот младешки сјај. Затоа, колку повеќе колаген имате во вашето тело, толку помладолико ќе изгледате. Исто така, видливо ја намалува појавата на брчки и првите знаци на стареење.

Го подобрува варењето

Протеините се неопходни за одржување на мукозниот слој на цревата, па така пилешкиот колаген исто така го подобрува и дигестивното здравје. Науката докажала дека луѓето кои имаат дигестивни проблеми имаат помала концентрација на колаген во своето тело. На тие лица им се препорачува да го користат почесто во исхраната, бидејќи неговите амино киселини помагаат во зајакнувањето на ткивата  на дебелото црево и на целиот гастроинтестинален тракт.

Помага против артритис

За оние лица кои страдаат од прогресивно оштетување на  ‘рскавицата, вклучувајќи ги и луѓето кои имаат ревматоиден остеоартритис, користењето на пилешки колаген може да биде од голема помош. Колагенот е познат по тоа што поседува способност да ја поддржи мобилноста и флексибилноста на коските и зглобовите.

Го подобрува здравјето на срцето

Некои истражувања докажале дека пилешкиот колаген е корисен и против срцеви заболувања. Тоа се должи на неговата антивоспалителна способност. Се смета дека, колагенот исто така, содржи природна форма на протегликан кој е пронајден во нашите артерии. Тој помага во спречувањето на згрутчувањето во крвта и може да го намали ризикот од појава на мозочен удар.

Ви препорачуваме да прочитате: 9 природни начини за намалување на болките во колената.

Сподели: