Сувата кожа на лицето загрижува поголем дел од женската популација, особено во зимскиот период. Едно од најефикасните средства за брзо хидрирање на кожата е домашна маска направена од природни состојки. За подготовка на домашни маски за сува кожа на лицето најчесто се користат мед, млечни производи, природни растителни масла, овошје и зеленчук.
Негата на кожата во зима е задолжителна и во ниту еден момент не треба да биде занемарена. Освен редовната употреба да хидратантен крем, препорачливо е најмалку еднаш неделно да си направите природна маска за лице. Еве неколку рецепти за домашни маски за сува кожа на лицето без користење на хемикалии:

Маска од мед, жолчка од јајце и брашно
Измешајте 3 лажички мед, половина жолчка и една лажичка чисто пченично брашно. Нанесете ја на лицето и оставете да делува 10-15 минути. Оваа маска се препорачува да се прави еднаш неделно.
Маска од пивски квасец
Измешајте 20-25 г пивски квасец со млеко за да добиете погуста смеса. Нанесете ја на лицето и оставете ја да делува 15-20 минути. Потоа, исплакнете со вода.
Маска од овесни снегулки
Сомелете две или три лажици овесни снегулки и прелијте ги со врело млеко. Оваа маска ќе ја омекне и хидрира кожата.
Маска од зелка
Сомелете ги листовите од свежа зелка. Ставете ги во сад и варете во млеко додека не добиете каша. Оставете ја смесата да излади и нанесете ја на лицето. Оставете да делува околу 20 минути и потоа исплакнете со вода.
Маска од банана
Во сад изгмечете една банана. Додајте една лажичка од кој било хранлив крем и една капка сок од лимон и маслиново масло. Оваа маска е богата со витамин А што допринесува за хидрирање и освежување на кожата.
Ви препорачуваме да прочитате: Маски и купка од овес – решенија за сува кожа.