белки од јајца 1

5 едноставни употреби на неискористените белки од јајца

Правевте колачи и ви останаа неискористени белки од јајца? – Не ги фрлајте. Има многу начини како да ги искористите. Со нив може да исчистите кожен материјал, да ги освежите листовите на растенијата, па дури и да им дадете античка нота на накитот. Еве неколку супер идеи од нас, исспробани и ефикасни!

Јајцата се богати со протеини, содржат антибактериски ензими, а имаат и антимикробни својства. Освен како храна, може да се употребат и на други корисни начини. Ви ги издвоивме следните.

белки од јајца 2

За чистење на кожен материјал

Со помош на белките од јајца, вратете им го сјајот на кожните предмети. Доведете ги до совршенство чантата или чевлите. Само потопете малку памук во белката и премачкајте, а потоа избришете со чиста и сува крпа.

Природен лепак за хартија со белки од јајца

Бидејќи белките се многу лепливи, можат да бидат одлична замена за лепак за хартија кога ќе ви снема. Белката кратко изматете ја со виљушка. Со помош на четка за сликање земете од изматената белка и намачкајте ја хартијата која сакате да ја залепите.

Украсување на ѕидовите во домот

Од белките може да направите боја за украсување на ѕидови. Се смета дека бојата од белки е многу подолготрајна од обичната боја за ѕидови. И плус, природна е и без хемикалии. Сѐ што треба да направите е да ги изматите белките, да ја додадете посакуваната боја и да започнете со цртање по ѕидовите.

Употребете ги неискористените белки од јајца за сјај и зашита на домашните растенија

Нека вашите домашни цвеќиња, дрвца и други растенија бидат блескави и сјајни! Премачкајте ги листовите со мешавина од белки и млака вода. На тој начин нѐ само што ќе им дадете сјај на листовите, туку и ќе им направите заштитен слој.

На сребрениот и бакарниот накит дајте им античка нота

На бакарниот и сребрен накит ќе им дадете посебна античка нота, ако ги премачкате со белка. Само внимавајте тоа да не е часовник, бидејќи белката може да влезе во часовникот и да го расипе. Исто така, може да сварите јајце. Јајцето варете го 10-тина минути. Потоа извадете го од водата, ставете го во најлонска ќеса заедно со лушпата и изгмечете го. Во ќесата ставете го накитот и оставете да стои неколку минути или додека ја добиете посакуваната боја. Извадете го накитот од ќесата, измијте и избришете го. Колку повеќе стои во јајцето, толку е поголема оксидацијата.

Ви препорачуваме да прочитате: Најлесно одвојте жолчка од белка.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: