Без разлика за која репрезентација навивате, следењето на натпреварите од светското првенство во фудбал не може да се замисли без вкусни грицки. Затоа изводивме 5 идеи за грицки кои сигурно ќе ви се допаднат, а нам ни се во листата на омилени предлози. Така ги следиме натпреварите, се дружиме, навиваме и уживаме!
Стоби Флипс и Gritz
Немате многу време за мезе? Посетете ја најблиската продавница и купете си Стоби Флипс. Совршени се за секој натпревар и секое друштво. Особено ги обожаваме Стоби Флипс Магнус, Магнус Hot & Spices, кои се со 30% кикирики, а на оние кои уживаат во лутиот вкус сигурно ќе им се допаднат Магнус Extra Hot. Да ви кажеме една наша тајна за уште подобро следење на натпреварите. Земете кечап од Витаминка, ставете го во сад за сос и додајте малку оригано. Измешајте и сосот послужете го заедно со флипсот. Така ќе добиете супер грицки со сос на кои никој не може да остане рамнодушен.
А ако сте љубител на переци и солени стапчиња, Gritz се идеален предлог за вас!

Кикиритки и семки од сончоглед и тиква
Печени или пржени, кикиритките се можеби најчестото мезе кога станува збор за фудбалските натпревари. Покрај нив, добро се вклопуваат и печен сончоглед и семки од тиква.
Крцкави прстени од кромид
Одлично се вклопуваат со чаша ладно пиво, а начинот на подготовка е едноставен. Рецептот може да го прочитате тука, а топлите прстени од кромид не заборавајте ги да послужите со сос од Витанез во кој сте додале рендана кисела краставичка и малку свежо цеден сок од лимон. Покрај сосот со мајонез, ставете сад со кечап од Витаминка и започнете со навивање!
Печени пилешки крилца во сос од пикантно лут кечап
Ако ви се каснува, а сакате да уживате во натпреварот, печените пилешките крилца се одлично мезе и оброк. Наш фаворит се печени пилешки крилца во сос од пикантно лут кечап од Витаминка. Пробајте ги!
Домашни брускети
И домашните брускети се супер предлог за мезе. Земете неколку парчиња леб, попрскајте ги со Брилијант масло, оригано и сол. Брускетите ставете ги да се печат во загреана рерна на 250 степени за време од 5 минути. Потоа извадете ги и послужете ги со парчиња домат.
Ви предлагаме да прочитате: Крцкави печени тиквички со сос од кечап и мајонез.
*Комерцијален текст