Претпоставуваме дека за повеќето од нас пилешките крилца се едно од омилените јадења. Постојат многу начини на нивно приготвување, а овој пат ви го претставуваме рецептот за печени пилешки крилца во сос од кечап и сенф.
Ниедна комбинација не е толку вкусна како пилешко со сенф, па затоа ви нудиме многу едноставна маринада која му дава посебен шмек на месото. А најдобро од сè е што не мора да бидете никаков виртуоз во кујната за да го приготвите овој рецепт.

Состојки:
- 500 до 800 грама пилешки крилца
- 200 мл кечап или доматен сос
- 5-6 лажици сенф
- Малку масло
- Босилек
- Оригано
- Сол.
Подготовка:
- Во длабок сад ставете го кечапот, сенфот, маслото и зачинете со босилек и оригано. Посолете по вкус, а потоа состојките убаво промешајте ги. Во смесата ставете ги пилешките крилца и повторно измешајте.
- Садот со пилешките крилца, покријте го со најлонска фолија и ставете го во фрижидер најмалку еден час.
- Потоа, пилешките крилца наредете ги во предходно намрсена тава за печење. Печете ги во загреена рерна на 200 степени, додека добијат убава румена боја. Маринираните печени пилешки крилца во сос од кечап и сенф, послужете ги додека се топли. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Печени крцкави пилешки крилца од рерна.