Дали сте знаеле дека во вашата кујна се кријат природни антибиотици? Наместо да чекате да отидете на лекар, пробајте да се лекувате сами.
Сите знаеме дека напредокот на антибиотиците во медицината се должи на составувањето на некои супстанци. На кутиите и упатствата пишува дека секогаш треба да се посоветувате со лекар. Зошто не би посегнале по природен антибиотик кој најверојатно го имате во вашата кујна?
Жалфија
„Зошто да умре човек во чиј двор расте жалфија?“ – се запрашувал Хипократ, знаејчи дека таа е „билка“ која илијадници години наназад се користела како антибиотик. Жалфијата е посебно добра за грлото, против респираторни инфекции, како и при инфекции на усната шуплина. Исто така е корисна за желудочни инфекции и проблеми со цревата. Помага за намалување на телесната температура, регулирање на симптомите на треска и болките во телото кои се јавуваат на почетокот од настинката или грипот.
Арапите верувале дека жалфијата е еден од клучевите за долг живот. Научно е докажано дека таа има во умерена количина, но силни антибактериски и антивирусни својства, а денес редовно се користи за производство на повеќе модерни лекови.

Мед
Медот, во својата сурова форма се користи и е одлично антибактериско средство – антибиотик. Се користел многу порано пред да бидат развиени синтетичките антибиотици, за разни рани и болести. Денес е научно докажано дека овој сладок лек има антибактериски својства. Делотворно може да го застане осипот на кожат, да зарасне гребаници и опекотини, да ги исчисти забите и устата од бактерии, да спречи крварење на непцата, како и да помогне во лекување на чиреви и пликови.
За најдобри резултати, важно е да одберете органски и природен мед. Темниот мед има посилна антибактериска моќ, а при тоа не смее да биде пастеризиран, туку мора да биде во својата сурова форма. Еве и предлог лековит рецепт.
Цимет
Ве една студија спроведена од група хирурзи, истражувањата покажале дека циметот може да убие повеќе бактерии кои се наоѓаат во болниците. Друга студија покажала дека циметот може да ги убие бактериите отпорни на стандардните антибиотици, а трета пак, покажала дека може да ја уништи и E.coli (Escherichia coli).
Лук
Во времето на фараоните кога Египет бил на врвот на својата моќ, лукот бил даван на работниците и робовите кои ги граделе големите пирамиди, со цел да се подобри нивната издржливост, сила и најважно, да се заштитени од болести. Лукот докажано лечи и помага против многу болести, а една активна состојка во него – алицинот, покажува антибактериски и антигабични својства, со што го штити организмот од напади и оштетувања предизвикани од нив. Лукот има способност да ги уништи бактериите отпорни на стандардните антибиотици, ефикасно лечи забоболка (со директно нанесување), болки во грлото и други воспаленија.
Каранфилче
Дури и денес, стоматолозите користат масло од каранфилче како орален антисептик и за дезинфекција на коренските канали. Тој е карактеристичниот мирис кој може да се почувствува скоро во секоја ординација. Еугенолот кој во каранфилчето се наоѓа во големи количини, важи за примарно антимикробно средство во светот.
Ако сакате да ја ублажите забоболката, доволно е неколку минути да џвакате каранфилче и болката потполно ќе престане во рок од 2 часа. Сепак, каранфилчето е најефикасно кога се употребува во вид на масло.
Ви препорачуваме да прочитате: Прополис – природен антибиотик.