намирници кои ги обновуваат зглобовите

5 намирници кои ги обновуваат зглобовите и рскавицата

Бројот на лица кои страдаат од артритис е сѐ поголем, како резултат на дегенеративните болести на зглобовите. Тоа не е воопшто чудно, ако се земе во предвид модерниот стил на живот, лошата исхрана, малата физичка активност… Иако со текот на годините, рскавицата се троши, а зглобовите стареат, сепак со помош на здрав животен стил и консумација на намирници кои го поттикнуваат создавањето на колагенот, овие состојби може да се ублажат. Во продолжение ви претставуваме листа на намирници кои ги обновуваат зглобовите и рскавицата. Нека бидат дел од вашето мени доколку сакате да ги зајакнете зглобовите и обновите рскавицата.

Всушност, станува збор за намирници кои изобилуваат со омега 3 масни киселини, протеини, магнезиум, витамини Ц и К кои го одржуваат здравјето на рскавицата.

Мешунки

За време на воспалителниот процес во зглобовите, со текот на времето може да дојде со уништување на колагенот и рскавицата. За да го спречите тоа, почесто консумирајте мешунки, кои имаат силни антивоспалителни својства. Мешунките како што се гравот, грашокот, леќата и леблебиите содржат протеини кои се составен дел на колагенот. Благодарение на тоа, овие намирници може да помогнат во обновување на колагенот, а со тоа и на рскавиците.

Кафеав ориз

Кафеавиот ориз е исклучително богат со магнезиум, минерал кој го поттикнува создавањето на хијалоуронска киселина. Во последно време сѐ повеќе се зборува за хијалоуронската киселина. Таа делува како природен навлажнуач која ги „подмачкува“ зглобовите при движење и ги амортизира покретите. Со текот на годините, таа постепено се намалува во организмот, па затоа зглобовите повеќе се оштетуваат.

Прокељ и маслиново масло

Прокељот кои има изглед како мали зелки изобилува со витамин К, кој е од исклучителна важност за здрави коски и зглобови. Најдобро е кратко да го приготвите во комбинација со маслиново масло, кое делува против воспалително.

Може да ве интересира: Салата од прокељ со прелив од маслиново масло и лимон.

Цитрусно овошје

Сигурно веќе знаете дека цитрусното овошје како што се портокалите, лимоните, мандарините и грејпфрутот изобилуваат со витамин Ц. Витаминот Ц помага за создавање на колаген во организмот, а го намалува и отокот околу зглобовите. Покрај тоа, витаминот Ц делува како моќен антиоксиданс кој ги чува клетките и сврзното ткиво во организмот од понатамошно оштетување.

Бадеми

Постојат многу причини зошто треба да ги замените грицките со бадеми и други јаткасти плодови, како што се оревите, лешниците, индиските ореви… Една од нив е тоа што ги чуваат зглобовите од оштетување. Јаткастите плодови се богати со омега 3 масни киселини, манган и витамин Е. Омега 3 масните киселини ги намалуваат воспалителните процеси во организмот, додека витаминот Е е силен антиоксиданс кој ги штити клетките од оштетување. Манганот го помага производството на глукозамин во нашиот организам, кој има клучна улога во изградбата на здрава зглобна рскавица.

Посветете време, едуцирајте се и бидете здрави!

Ви предлагаме да прочитате: 3 природни сокови кои помагаат против артритис.

Сподели: