5 совети како да приготвите печен зеленчук совршено и без грешка

Зеленчукот кој е печен во многу загреана рерна се претвора во меки, карамелизрани залчиња со арома на јатки. Во врелата рерна најдобро се печат компирите, морковите, лукот, кромидот, тиквата и коренастиот зеленчук. Следете ги овие совети од искусните готвачи и пригответе совршено печен зеленчук.  

Печете го зеленчукот во загреана рерна на 200 степени

Пред да го печете зеленчукот, приклучете ја рерната на 200 степени. Ако сакате да добиете карамелизиран зеленчук, температурата може да ја зголемите за 10 или 20 степени. Ако рерната не е доволно загреана, зеленчукот ќе биде преварен, без да има убава крцкава кора.

Секогаш во кујната имајте хартија за печење

Хартијата за печење ќе спречи зеленчукот да се залепи на тавата, па така ќе добиете цели крцкави залчиња. Покрај тоа, ќе го избегнете досадното миење и чистење на тавата. Затоа, штом печете зеленчук, тавата обложете ја со хартија за печење.

печен зеленчук

За совршено печен зеленчук оставете простор во тавата

Немојте да ја преполнувате тавата со зеленчук. Најдобро е да оставите простор за да го постигнете посакуваниот вкус. Во спротивно, наместо зеленчукот да се печи, ќе има вкус како да е приготвен на пареа.

Користете маслиново масло

Зеленчукот треба малку да го намрсите за да не се исуши, но внимавајте а не плива во масло. Пред печење направете маринада од маслиново масло, сок од лимон, па потоа посолете го и зачинете го со мелен црн пипер, рузмарин или мајчина душица по желба.

Не ја покривајте тавата

За да добиете крцкав печен зеленчук, немојте тавата да ја поклопувате со капак или со фолија.

Ви предлагаме да прочитате: Риба со прилог од печен зеленчук.

Сподели: