билни чаеви кои поседуваат седативно дејство 1

6 билни чаеви кои поседуваат седативно дејство

Ако ви е тешко да заспиете навечер или пак спиете само по неколку часа во текот на ноќта, можеби е време да побарате помош од природата. Има многу билни чаеви кои поседуваат седативно дејство. Во продолжение ви претставуваме дел од чаевите кои помагаат за таа намена.

Иако постојат многу малку докази кои потврдуваат дека билните чаеви имаат позитивно дејство против несоницата, има многу луѓе кои тврдат дека токму тие им помогнале да се справат со оваа непријатна појава.

билни чаеви кои поседуваат седативно дејство 2

Камилица

Камилицата е билка која е распространета ширум целата планета, бидејќи неа не и се потребни некои посебни услови за да успее. Можете да засадeте камилица од кесичка чај во вашиот двор и да си ја имате секогаш при рака. Доколку имате несоница се препорачува да се пие една чаша чај од камилица еден час пред спиење.

Кора од брест

Чајот од кора од брест најчесто се користи за ублажување на болките во грлото и против кашлање. Но, неодамна е откриено дека ова растение содржи седативни својства кои може да помогнат при проблеми со спиењето.

Лаванда

Ова растение има интензивен мирис и вкус, па веројатно многумина нема да можат да поднесат да го пијат во форма на чај. Ако не можете да го пиете чајот од лаванда, можете да користите некој друг препарат изработен од неа. Пред спиење може да се истуширате со гел од лаванда или пак да си нанесете лосион со мирис на лаванда. Исто така може и на постелнините да капнете неколку капки етерично масло од лаванда. Може и да си приготвите релаксирачка купка, така што во кадата ќе ставите неколку цветови од лаванда.

Може да ве интересира: Божествената лаванда е лек за телото и духот.

Валеријана

За оваа билка речиси сите знаат дека помага против несоница и има смирувачко дејство, па не е ни чудно што таа е толку користена во природната медицина. Постојат и разни таблети кои се изработуваат на база на валеријана, но и самиот чај ако се консумира еден час пред спиење е многу ефикасен.

Кантарион

Кантарионот помага против анксиозност, но може да предизвика контраиндикации доколку го користите во комбинација со други лекови, особено со антидепресиви и таблети за контрацепција. Според некои истражувања, кантарионот дури можи да ја влоши анксиозноста, па доколу сепак се одлучите да го консумирате, најдобро е претходно да се консултирате со вашиот доктор.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен напиток против несоница.

Сподели: