Природните сокови од зеленчук и овошје во текот на денот, можат да помогнат против несоницата, а и многу други здравствени проблеми. Бидејќи лошиот сон е еден од водечки предизвици на денешно време со кои ние се соочуваме во трката за зачувување на квалитетот на животот, споделуваме со вас природен и домашен напиток против несоница.
Се смета дека несоницата е еден од најчестите здравствени проблеми во светот. Одприлика 1 од 3 лица се соочуваат со проблеми со спиењето, а жените два пати повеќе од мажите патат од несоница.

Овошја и зеленчуци кои можат да го подобрат сонот и да ги опуштат мускулите се спанаќот, кељот, блитвата, магдоносот, брокулите, зелката, краставиците, кивите, јагодите, бананите, вишните, доматите, нането, шипинките и грозјето.
Покрај природните сокови за подобрување на сонот, треба да се придржувате уште до некои правила. Пред спиење уживајте во топла купка, поминувајте малку време во пижами пред спиење, но никако не останувајте во пижами цел ден. Не јадете 1-2 часа пред спиење и изгаснете ги сите телефонски уреди и емитувачи на „сина светлина“, а такви се мобилните уреди и компјутерите.
Состојки:
- 3 стебленца целер
- 1 лист кељ
- малку спанаќ по желба
- 1/4 краставица
- 1/2 банана
- вода по потреба.
Подготовка:
- Полесна и поедноставна не може да биде. Само ставете ги сите состојки во блендер и изматете. Секако додадете малку вода по потреба и на здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Природен напиток против несоница.