Ако барате природен начин за зголемување на енергијата, помош при намалување на вишокот на килограми и подобрување на севкупното здравје, време е да се запознаете со корисните адаптогени намирници за баланс на хормоните.
Можеби и никогаш не сте слушнале за терминот „адаптогени“ (или „адаптогени растенија“), но еве супер можност да дознаете за нив. Адаптогени се група на намирници, билки и печурки кои нѐ штитат од штетните ефекти на стресот. Од поодамна се знае за прочуениот женшен (сибирски, јапонски и кинески), а еден од најјаките адаптогени на светот е перуанската мака (златна мака). Во адаптогени спаѓаат и родиолата, гинкго билоба, ашваганда, мачкина канџа, печурки од видот гиностема и куркумата.

Овие адаптогени храни се безбедни и не се токсични, а му помагаат на телото да ја го врати природниот баланс. Природниот баланс – хомеостазата, е значајна за правилните нивоа на хормоните, силен имун систем, повеќе енергија и виталност.
Кои последици се јавуваат како резултат на подолго изложување на стрес?
Стресот е непријател на нашиот организам и има многу последици меѓу кои:
- зголемување на тесната маса
- дисфункција на тироидната жлезда
- дисбаланс на хормоните
- замор на надбубрежните жлезди
- недостаток на енергија и хроничен замор
- потешкотии со спиењето
- висок холестерол
- чиреви на дигестивниот систем
- дијабетес
- хипотиреоза
- срцеви прескокнувања
- несоница
- подуен стомак
- нередовни менструални циклуси
- повремени жешки бранови
- и друго.
Придобивки од консумацијата на адаптогени намирници за баланс на хормоните, слабеење и подобрување на целосното здравје
Адаптогените намирници му помагаат на организмот полесно да се ослободи од стресот. Некои од овие намирници имаат уникатни дејства, а кога се комбинираат може значително да го подобрат резултатот. Придобивките од адаптогените билки се:
- го балансираат шеќерот во крвта
- содржат антиоксиданси кои го штитат организмот од штетните радикали
- го штитат црниот дроб
- ја подобруваат способноста на организмот за елиминирање на токсините
- ја намалуваат желбата за слатка храна и алкохол
- го зајакнуваат имуниот систем
- ја зголемуваат мотивацијата
- ги зајакнуваат мускулите
- го забрзуваат опоравувањето на организмот при болест
- ја подобруваат функцијата на мозокот
- ја намалуваат анксиозноста
- го подобруваат квалитетот на сонот
- го подобруваат видот и слухот
- го стабилизираат расположението
- ја подобруваат способноста на организмот за искористување на протеините.
Веќе дознавте како стресот влијае на организмот и хормоните, а и како може адаптогените храни да ви помогнат. Еве листа на адаптогени кои се достапни и кај нас, а може да ви помогнат за балансирање на хормоните и намалување на вишокот на килограми.
- Мака
- Куркума
- Родиола
- Ашваганда
- Сибирски женшен
- Сладок корен
Мака за баланс на хормоните, зголемена плодност и либидо
Овој корен со сладок вкус потекнува од Јужна Америка и може да се најде во жолта, црвена или црна боја. Според легендата, Инките на своите воини им давале прав од корен од мака за да ја зголемат нивната сила и издржливост. Маката долги години се користи за:
- подобрување на симптомите при замор на надбубрежните жлезди
- одржување на здраво либидо
- подобрување на расположението
- подобрување на плодноста
- ја поддржува здравата функција и поврзаноста на жлездите (хипоталамусот, хипофизата и надбубрежните жлезди), кои имаат главна улога за справување со стресот.

Препорака плус:
Секогаш при користењето на додатоци во исхраната, изберете докажани компании чии производи имаат висок квалитет. Како такви, можеме да ги посочиме Now Foods, а дел од нивниот асортиман, како и мака може да се најдат на онлајн продавницата на Тримекс и во поголемите аптеки.
Прочитајте како коренот од мака влијае за зголемување на енергијата и либидото.
Куркумата има антивоспалителен ефект и е чувар на црниот дроб
Куркумата е најпозната како зачин и често се користи за подготовка на омлет, смути и други и јадења. За неа се знае дека има антивоспалитен ефект, а истражувањата потврдиле дека може да се користи за против анксиозност, метаболични синдром, опуштање на мускулатурата и други состојби. Таа го поддржува здравјето на црниот дроб, орган кој има важна улога за природно балансирање на хормоните.
Родиола – Rhodiola (Rhodiola rosea) за намалување на стресот
Rhodiola (Rhodiola rosea) е позната како „златен корен” и моќен адаптоген од непроценлива вредност. Истражувањата покажале дека родиолата е корисна за:
- зголемување на енергијата
- подобрување на концентрацијата
- подобрување на метаболизмот
- олеснување на депресијата.

Повеќе информации за придобивките и употребата на Rhodiola прочитајте на страницата на Тримекс, од каде што може и да ја набавите. Rhodiola може да се најде и во аптеките на Зегин, Еурофарм и Виола. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk
Прочитајте повеќе за Rhodiola – „златен корен“ како природна помош при стрес.
*Спонзориран текст