6 намирници кои треба да ги консумирате пред тренинг

Храната пред тренинг треба да го подготви вашето тело за напорната физичка активност. Конкретно, потребна ви е храна која ќе ви ги наполни „батериите” за да го издржите напорот. Тоа значи дека не смеете да консумирате намирници кои го оптоваруваат телото и предизвикуваат проблеми со варењето. Ви издвојуваме 6 намирници кои треба да ги консумирате пред тренинг за да постигнете подобри фитнес резултати.

За да го извлечете максимумот од вашиот тренинг морате да му обезбедите на телото извор од каде ќе црпи енергија, односно потребен ви е оброк што ќе ви ги даде сите потребни макронутриенти, а ќе биде лесен за варење. Во продолжение прочитајте кои намирници треба да ги консумирате пред тренинг за да имате повеќе сила и енергија.

намирници кои треба да ги консумирате пред тренинг

Банани

Бананите се одличен извор на јаглехидрати кои се лесни за варење и ќе ви дадат енергија. Тие се исто така добар извор на антиоксиданти и калиум, минерал што може да помогне во спречување на грчеви во мускулите.

Овес

Овесот е богат со диетални влакна. Помага во стабилизирање на нивото на шеќер во крвта и ги стимулира метаболните функции за претворање на масните наслаги во енергија. Покрај тоа, овесот е малку калоричен и содржи здрави масти кои го штитат срцето и го регулираат нивото на холестерол.

Пилешко месо, брокула и компири

Пилешкото месо е богато со протеини кои се основна храна за мускулите. Но, освен тоа што влијаат на мускулниот раст и закрепнувањето, тие исто така можат да ги подобрат вашите резултати од вежбањето доколку ги консумирате пред тренинг. Зеленчукот содржи магнезиум, кој помага полесно да ги пребродите болките, грчевите и воспаленијата по напорните вежби.

Леб од цели зрна

Лебот од цели зрна е одличен извор на јаглехидрати. Направете си брза протеинска закуска со парче леб и тврдо варени јајца или парче мисиркино месо.

Овошје и грчки јогурт

Добитна комбинација! Овошјето содржи јаглехидрати, витамини и минерали, а грчкиот јогурт е богат со протеини. Направете смути со вашето омилено овошје и грчки јогурт за дополнителна доза на сила и енергија.

Микс од семиња, суво овошје и јаткасти плодови

Познато е дека овој микс е главна занимација за пешачење, но треба да се знае дека е и одлична закуска за пред вежбање. Високата содржина на влакна во јаткастите плодови ја намалува апсорпцијата на јаглехидрати, што значи дека тие се одлични за регулирање на шеќерот во крвта. Сувото овошје е лесно сварливо, па така вашите јаглени хидрати ќе ви обезбедат моментална енергија.

Ви препорачуваме да прочитате: Што да пиете за подобри резултати од вежбањето?

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: