Респираторниот систем е еден од најважните „механизми“ во нашето тело. Го снабдува телото со кислород и учествува во процесот на дишење и размена на гасовите. И, иако дишењето е нешто за кое веројатно не размислувате многу, го правите тоа околу 25.000 пати во текот на денот. А, појавата на отежнато дишење или кашлица можат да бидат првите симптоми кои сигнализираат заболување на белите дробови, вклучувајќи хронична опструктивна белодробна болест, астма, а во најлош случај и карцином на белите дробови. Препознавањето на раните предупредувачки знаци може да ви помогне да добиете соодветен третман, пред болеста да стане сериозна или да биде опасна по живот.
Секојдневно се зголемува бројот на луѓе на кои им е дијагностицирано заболување на белите дробови. Последните статистики покажуваат дека поголем е бројот на жени кои страдаат од оваа болест. Од голема важност е да се посвети внимание и на најблагите симптоми и што поскоро да се консултирате со лекар. Раното дијагностицирање на болеста може да ви го спаси животот.

Видови на белодробни заболувања
Белодробната болест се однесува на многу нарушувања кои влијаат на белите дробови. Најчестите белодробни заболувања кај жените вклучуваат:
- Астма – хронична болест на бронхијалните туби (дишни патишта кои носат воздух во и надвор од белите дробови)
- Хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ)
- Рак на белите дробови.
Кои се предупредувачките симптоми за белодробна болест?
Раните знаци на белодробна болест често се занемаруваат. Препознавањето на предупредувачките знаци може да ви помогне да добиете третман пред состојбата да стане сериозна. Еве кои 6 симптоми сигнализираат заболувања на белите дробови:
- Проблеми со дишењето или отежнато дишење. Ако имате отежнато дишење без причина или тоа не исчезнува после вежбање, ви препорачуваме да се консултирате со лекар.
- Чувство како да не добивате доволно воздух . Напорното дишење, тешко вдишување и издишување се предупредувачки знак за белодробно заболување.
- Хронична кашлица. Кашлањето подолго од еден месец може да биде сигнал дека нешто не е во ред со вашиот респираторен систем.
- Искашлување крв. Крвта може да доаѓа од белите дробови или горниот респираторен тракт, што може да сигнализира сериозен здравствен проблем.
- Хронично производство на слуз. Зголеменото производство на слуз повеќе од еден месец може да укажува на заболување на белите дробови.
- Хронична болка во градите. Необјаснета болка во градите која трае повеќе од еден месец и се влошува кога вдишувате или кашлате е предупредувачки знак.
Што може да помогне?
Загадениот воздух и алергените се најчестите причинители за појава на овие болести. Проветрувајте и избегнувајте контакт со болни лица, посебно во затворени простории. Употребата на тутун е дополнителен ризик фактор кои ја влошуваат состојбата кај пациентот. Ако сте пушач, откажете се од цигарите. Ако некој ваш близок го прави тоа, замолете го да ги направи паузите за цигари на отворено. Дури и пасивното пушење е штетно. Внимавајте на личната хигиена и често мијте ги рацете. Практикувајте здрави животни навики: редовна физичка активност, здрава исхрана, ограничен внес на алкохол и редовни здравствени контроли.
Одредени додатоци во исхраната помагаат во намалување на симптомите на хроничен бронхитис, хронични белодробни болести и го намалуваат ризикот од настанување на респираторни инфекции.
Кога станува збор за додатоци во исхраната, секогаш топло ги препорачуваме производите на Тримекс. Па така, наша препорака за борба против респираторните инфекции е NAC од NOW FOODS. N-Acetyl Cysteine (NAC) е стабилна форма на неесенцијалната аминокиселина цистеин. Тоа е аминокиселина која содржи сулфур која делува како стабилизатор за формирање на протеинските структури, а исто така е неопходна и за формирање на глутатион. Молибденот и селенот се основни минерали во трагови присутни во овој производ кои го олеснуваат производството на неколку важни ензими. Земањето на додаток на N-Acetyl Cysteine (NAC) може да ве заштити од широк спектар на здравствени проблеми, меѓу кои и респираторни инфекции.

NAC од Тримекс може да го нарачате преку нивната онлајн продавница со бесплатна достава, а достапен е и во повеќето аптеки низ земјава. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.
Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела советува: Kако да се заштитиме од грипот во зимскиот период?
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.