6 намирници за побрз метаболизам 1

6 намирници за побрз метаболизам

Има некои вообичаени навики кои може да ни помогнат да го регулираме варењето на храната. Можеби не сме размислиле добро, но на лесен начин секојдневното мени може да ни биде многу богато со вкусни намирници за побрз метаболизам.

Задачата да го поттикнете метаболизмот не е тешка, ниту е голема обврска. На пример, додавањето на било која од овие 6 намирници во исхраната на едноставен начин ќе ви го овозможи тоа.

6 намирници за побрз метаболизам 2

Лути пиперки

Состојката капсаицин која се наоѓа во лутите пиперки и им го дава нивниот вкус, потврдено помага за забрзување на метаболизмот и за сузбивање на желбата за храна.

Интегрални житарици

Тие нудат голема количина на растителни влакна и сложени јаглени хидрати кои помагаат да го забрзате меетаболизмот. Само бидете сигурни дека тоа се навистина интегрални житарици и читајте ги декларациите, најдобри се кога не се мешани со чоколадо или овошје, ако веќе сакате порестриктивен режим на исхрана.

Кафе

Кофеинот природно го стимулира централниот нервен систем. Дневната доза од 1 шолја кафе дневно, може да го забрза метаболизмот од 5-8 проценти.

Киселина

Киселината содржи повеќе корисни својства, а помеѓу нив истакната е способноста за согорување на мастите. Истражувањата покажале дека киселината има способност да им сигнализира на гените во телото да ги согоруваат мастите. Посебно е корисно да уживате во јаболкова киселан откако ќе изедете рафинирани јаглени хидрати, бидејќи помага за регулирање на шеќерот во крвта.

Цитрусно овошје

Сите овошки од оваа група помагаат за согорување на мастите и одржување на метаболизмот на нормално ниво. Следиот пат кога ќе посакате ужинка, земете грејпфрут или портокал и одржете го нивото на инсулин на нормално ниво.

Зачини

Нив е најлесно да ги вклучите во исхраната во корист на вашиот метаболизам. Најголеми помошници се циметот и шафранот кои најдобро ја подигнуваат температурата на телото и го забрзуваат процесот на согорување на мастите.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 намирници кои го забрзуваат метаболизмот на природен начин.

Сподели: