калап за мафини рецепти

7 брзи рецепти кои може да ги приготвите во калап за мафини

Како ги користите калапите за мафини? Печете само колачи или проја? Списокот на јадења кои може да се подготвуваат во овие калапи е долг, па споделуваме неколку креативни и практични идеи. Направете вкусен омлет, ролати од месо, мини пици и пити, ќофтиња од компири во практичниот калап за мафини. 

Нашите 7 брзи рецепти и идеи ќе ви помогнат речиси секоја недела да го користите калапот за мафини. Па, ајде да започнеме!

калап за мафини

Мини пици

Имате коктел забава, именден или роденден? Направете мини пици кои сите ги обожаваат.  Тестото за пица поделете го во калапчињата за мафини. Премачкајте со кечап, ставете шунка или други сувомеснати производи по желба и додајте рендан кашкавал. Печете во загреана рерна на 250 степени за време од 5 до 10 минути.

Ќофтиња од компири

Доколку ви преостанало пире од компири, искористете го и направете печени ќофтиња. Пирето измешајте го со едно јајце, рендан кашкавал, сечкан зеленчук и шунка по желба. Формирајте ќофтиња, а потоа ставете ги во калапите за мафини. Вака подготвените ќофтиња печете ги околу 15 минути.

Мини ролати од месо

Ви се најавија гости? Сакате ли да приготвите гурманско јадење кое ќе го воодушеви семејството? – Направете мини ролати од месо. За почеток набавете свежо свинско месо од Агриа. Најдобро е да користите бут или плешка. Месото исечете го на тенки шницли. Во средината може да ставите малку моцарела, тенки парчиња шунка, сирење и спанаќ, а потоа формирајте ролати. Ролатите наредете ги во калапот за мафини и попрскајте со малку масло. Печете ги во загреана рерна на 220 степени околу 20-30 минути. На крајот од печењето, извадете го калапот и ролатите поросете ги со рендан кашкавал. Вратете ги ролатите во рерната и продолжете со печењето уште 5 до 10 минути за да се растопи кашкавалот. Мини ролатите послужете ги додека се топли. Вака подготвените мини ролати се печат за двојно побрзо време, во споредба со голем ролат.

Совет плус: При подготовка на јадења со месо, пастрмајлии или скара, секогаш избираме свежо свинско месо од Агриа. Долги години сме задоволни корисници и ги препорачуваме. Месото од Агриа може да се најде во нивните месарници ширум земјата, како и во маркетите на Тинекс и Рамстор. А во месарниците на Агриа, освен свежо свинско месо, може да најдете и сувомеснати производи кои идеално се вклопуваат за подготовка на мини пиците, ролатите и ќофтињата од компири.

рецепти во калапи за мафини

Омлет во калап за мафини

Едноставно изматете ги јајцата, зачинете ги и рамномерно распоредете во калапите. Може да додадете и малку шунка, сирење или свеж зеленчук. На овој начин за 10 минути ќе добиете совршено подготвен омлет за целото семејство.

Домашни земички – погачици од тесто за леб

Наместо леб, направете мали земички за домашни сендвичи. Тестото за леб поделете го на 12 топчиња и ставете го во калапот за мафини. Оставете го 15-тина минути за да нарасне, а потоа испечете ги земичките. Така, наместо еден леб, за побрзо време може да направете малечки погачици кои ќе бидат совршен избор за вашите свечени вечери.

Мини пити

Калапите за мафини искористете ги за печење на мини пити. Тестото за пита распоредете го рамномерно во калапите и ставете го во рерна за да се пече. Печете 10 минути, па додајте го филот (солен или сладок) и повторно вратете го калапот во рерната. Печете уште 10-20 минути во зависност од филот и рецептот за подготовка на пита.  

Направете мраз

Доколку подготвувате забава и сакате да направите голем сад со пунч и Сангрија, тогаш направете големи коцки мраз. Исечете лимони на полукругови, ставете ги во калапот за мафини и додајте вода. Калапот ставете го во замрзнувачот. Извадете ги коцките и ставете ги во садот со омилениот пијалок. Вашите гости со сигурност ќе бидат воодушевени!

Ви препорачуваме да прочитате: 3 кулинарски совети за подготовка на сочно свинско месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: