Штом станува збор за слабеење, тука сме секогаш за да ви ги дадеме најдобрите совети.Овој пат ве запознаваме повеќе со здравите масти кои помагаат во губењето на килограми..
Истражувањата покажуваат дека одредени масти заштитуваат од високиот холестерол, дијабетесот и високиот крвен притисок. Но, денеска зборуваме за мастите кои се добри за нашето здравје и ни помагаат во губењето на килограми.
Јаткасти плодови
Грицкајте јаткасто овошје за да го спречите гладот и да ги загубите вишокот килограми. Но, држете се до една мала мерка неколку пати дневно. Додајте грст јаткасто овошје (ореви, бадеми, лешници, индиски орев) … во овесната каша и ќе го зголемите потенцијалот за согорување на мастите.
Кокос
Кокосот е преполн со хранливи влакна. Тоа е едно од најдобрите овошја за слабеење затоа што ја забрзува функцијата на црниот дроб и ја подобрува работата на тироидната жлезда, два органи кои се многу значајни за добар метаболизам. Најдобриот начин да јадете кокос е тој да биде исечкан и сиров. Избегнувајте ниско маслено кокосово млеко бидејќи во него недостасуваат речиси сите корисни состојки.
Маслиново масло
Тоа е богато со незаситени масни киселени, кои го намалуваат нивото на лошиот холестерол во организмот и помагаат за одржување на телото во форма. Научниците од Минхен и Виена спровеле многу интересен експеримент. Замолиле група доброволци да јадат по 500 грама кисело млеко на ден, додека половина од нив требало да додадат и малку маслиново масло.
Се покажало дека учесниците кои консумирале и маслиново масло, внесувале многу помалку калории и не ги покачувале килограмите. А научниците се убедени дека тоа се должи пред се на мирисните соединенија содржани во маслиновото масло. Па, заслужува да вклучиме повеќе од него во менито, нели?
Авокадо
Авокадо е познато по тоа што е голем извор на добри масти. По потекло е од Мексико, а содржи околу 322 калории и 29 грама масти. Истражувањата покажаа дека авокадо дефинитивно треба да биде вклучено во вашата дневна исхрана, затоа што може да го поттикне губењето на тежината и здравјето на целото тело. Авокадото е одличен извор на мононезаситени и олеински масни киселини. Исхраната богата со мононезаситени киселини може да помогне во спречувањето на мастите да се распределат околу стомакот. За разлика од екстра девственото маслиново масло, маслото од авокадо има висок степен на согорување. Ова значи дека можете да го користите во подготовка на храна на висока температура.
Црно чоколадо
Добрата вест е дека нема потреба да имате грижа на совест – доволно е само да го консумирате вистинскиот вид, црното чоколадо. Тоа е најкорисен избор. Ова е можеби најдобрата вест за повеќето жени: според различни истражувања, редовните обожаватели на црното чоколадо се послаби отколку луѓето што целосно се воздржуваат од консумирање на чоколадото. Сепак, не претерувајте со „чоколадната диета“.
Риба лосос
Лососот има висока концентрација на протеини и добри масти. Оваа риба има високи нутритивни вредности, вклучувајќи ги важните омега 3 масни киселини. Маслата кои ги содржи оваа риба имаат неколку позитивни влијанија за губење на тежината. Заменете го говедското и свинското со лосос секогаш кога ја имате таа прилика.
Маслинки
Иако горе го наведовме маслиновото масло, во оваа листа ги ставивме и маслинките. Маслинките помагаат во процесот на слабеење. Имено, ги разградуваат мастите, па со нив полесно може да се ослободиме од наталоженото сало на стомакот. Некои истражувања тврдат дека луѓето кои јадат маслинки и употребуваат маслиново масло, ретко имаат проблеми со вишок на килограми. Крвните тестови покажуваат дека луѓето кои секојдневно јадат маслинки имаат зголемени хормони серотонин, таканаречен хормон на ситоста и среќата. И самата арома на маслинките предизвикува ситост односно намален внес на калории за 200 на ден. Покрај тоа, антиоксидативните својства на маслинките ги прават природни заштитници од рак.
Ви предлагаме да прочитате: 7 напитоци за слабеење и фит тело.