7 избрани и лесни рецепти со пиперки

Во македонската кујна постојат голем број на рецепти со пиперки. Печени, пржени, варени, во сос, полнети…, пиперките се приготвуваат на 1001 начин. Меѓу големиот број на рецепти, издвоиме 7 лесни, испробани рецепти со пиперки кои се одлични за овој период.

Било кој рецепт да го пробате, ви гарантираме дека нема да погрешите.

Пржени јајца со пиперки и маслинки

Еве еден лесен и брз предлог за појадок или вечера за кој ви се потребни само десетина минути да го направите. Пробајте го рецептот за пржените јајца со пиперки и маслинки, па напишете ни во коментар како ви се допаднале.

Печени полнети пиперки со изварка

Може да кажеме дека ова е еден од најубавите појадоци кои нѐ потсеќаваат на детството, па затоа сакаме да го споделиме со вас. Овој рецепт за печени полнети пиперки со изварка лесно се припрема и идеален за сите кои внимаваат на својата телесна тежина, активно вежбаат, се вегетаријанци или практикуваат исхрана без глутен.

рецепти со пиперки

Печени пиперки во киселомлечен сос

Нашата земја е позната по разните специјалитети со пиперки. Така, во оваа прилика ви предлагаме да пробате печени пиперки во киселомлечен сос кој е одличен и доколку сакате да макнете со залак леб. Рецептот прочитајте го тука.

Полнети пиперки со мелено месо

Полнети пиперки со мелено месо и ориз е едно од омилените традиционални јадења на нашите простори. Но, често пати колку и да личи едноставно јадењето, доколку немаме соодветен рецепт не би можеле да го постигнеме вкусот кој сме го пробале кај пријателката, сосетката и слично. Рецептот за полнетите пиперки со мелено месо, прочитајте го тука.

Полнети пиперки со ориз и туна

Секој ден треба да јадеме нешто, а нели е прекрасно кога на трпезата имаме сервирано некој нов вкус!? Ви предлагаме да го пробате нашиов рецепт за полнети пиперки со ориз и туна, кој ќе ве „прошета“ по нови дегустативни патеки!

Полнети пиперки со мелено месо и кус кус

На нашите трпези често може да се најдат полнети пиперки. Традиционално ги припремаме од ориз и мелено месо, понекогаш полнети со изварка или сирење… Овој пат ви предлагаме да пробате една слична, но малку поинаква верзија за подготовка на полнети пиперки со мелено месо и кус кус.

Печено пилешко со компири и пиперки

Печеното пилешко со компири е едно од најчестите и највкусните јадења во нашата македонска кујна. Сите го обожаваат, па еве еден лесен рецепт за подготовка на ова традиционално јадење, кој ни го испрати Невена. Рецептот за печеното пилешко со компири и пиперки, прочитајте го тука.

Ви предлагаме да прочитате: Како правилно да замрзнете пиперки?

Сподели: