идеи за бојадисување на велигденски јајца

7 интересни идеи за бојадисување на велигденски јајца

Велигденските празници се наближуваат, па време е да започнеме да ја планираме велигденската трпеза и да собираме идеи за бојадисување на јајца. Традицијата на боење на Велигденски јајца не е нова и е празнувана од сите христијани, буди размена на позитивни емоции и секоја година е обожавана од голем број од нас.

Секоја декорација на Велигденските јајца е посебна и убава за себе, а ние ви предлагаме 7 интересни и креативни идеи за бојадисување на велигденски јајца кои сигурно ќе ви се допаднат.

Велигденски јајца како галаксија

Оваа година имате можност бојадисувањето на јајцата да го сфатите како забава, а може да ги вклучите и помалите членови на семејството и да направите фантастична декорација на велигденски јајца како галаксија. Постапката за декорација на велигденските јајца како галаксија погледнете ја тука.

Бојадисајте велигденски јајца со зрна ориз

Еве една идеја за бојадисување на велигденски јајца со зрна ориз која дава фантастични резултати, а е пристапна и едноставна. Потребни ви се варени јајца, ориз, прехранбена боја и пластични чаши. Начинот на бојадисување на велигденските јајца со зрна ориз погледнете го тука.

идеи за бојадисување на велигденски јајца

Велигденски јајца на 3 начини: со природни бои, лакови за нокти и темперни бои

Ако не сакате да користите вештачки бои за бојадисување на велигденските јајца, ви предлагаме тоа да го направите на природен начин, односно со помош на овошки и зачини. Покрај тоа, може да се забавување и да направите декорации со лакови за нокти или темперни бои. Овие 3 начини за декорација погледнете ги тука.

Велигденски јајца со ластичиња

Направете прекрасни Велигденски јајца со ластичиња. Многу се декоративни, необични и потполно несекојдневни, а техниката на изработка не е воопшто тешка, напротив претставува вистинско уживање!

Декорација на велигденски јајца со вратоврска

Овој пат ви предлагаме иновативни велигденски јајца со вратоврска. Денешните модерни трендови и брзи промени, доведоа боењето на јајцата да прерасне во декоративна уметност. Искористете ги старите модни додатоци и без двоумење претворете ги во фантастично креативно дело! Постапката за декорација на велигденските јајца со вратоврска погледнете ја тука.

Ви предлагаме да прочитате: 3 велигденски декорации за домот и трпезата.

Сподели: