7 кујнски трикови кои ќе ви помогнат при готвењето

Не сакате да готвите, затоа што правите хаос во кујната? За да може нормално да функционирате во својата кујна, хаосот мора да го организирате за да може сѐ да ви оди од рака. Во наредните неколку редови ќе дознаете 7 кујнски трикови кои ќе ви помогнат во таа цел.

Сѐ на свое место

Со оваа изрека се подразбира дека пред да започнете да готвите сите намирници треба да бидат излупени, исчистени, измерени и да ви бидат до дофат на раката. Со ова ќе имате потполно внимание додека готвите над шпоретот, наместо да трчате низ кујната и да барате нешто кое итно ви треба, а не можете веднаш да го најдете, со што постои опасност храната да ви загори или претече.

кујнски трикови за готвење

Остриот нож е камен темелник во кујната

Ножевите кои ги користите, острете ги редовно. Користењето на тупи ножеви е опасно, а и непрактично.

Пробајте го и зачинете го јадењето во текот на подготовката

За да бидете сигурни дека јадењето е направено како што треба, пред да го послужите на гостите, задолжително пробајте го. Прекумерната количина на зачините може да му даде непријатна арома на приготвената храна.

Месото прво пропржете го, а спремањето завршете го во рерна

Професионалните готвачи го спремаат месото така што прво го запржуваат во тавче, а потоа го печат во рерна. На овој начин, не само што се ослободуваат ринглите, туку и месото ќе биде посочно. А штом приготвувате пилешко еве едноставен рецепт за сочно пилешко месо.

Немојте да ставате преголема количина на храна во тавчето за пржење

Кога приготвувате месо, практикувајте да ставите помала количина на месо. Иако можеби на изглед ќе изгледа дека е готово, месото претходно ќе се обари, наместо да се испржи, а и температурата во тавчето ќе биди пониска, а на тој начин нема да добиете крцкава кора која и да е ваша цел.

Односот на масло и путер треба да биде 1:1

Маслото ќе спречи загорување на путерот, а путерот ќе го збогати вкусот на јадењето.

Исчистете веднаш зад себе

Ова можеби е најважниот совет од сите. Доколку веднаш не ги тргнете непотребните чинии и намирници, подоцна ќе си ја отежнете работата во кујната. Затоа, како што го приготвувате јадењето, така и чистете, за на крај да може да се посветите во уживање на храната која сте ја послужиле.

Ви предлагаме да прочитате: 7 кујнски трикови кои мора да ги знаете.

Сподели: