7 намирници за ефикасно отстранување на подочници 1

7 намирници за ефикасно отстранување на подочници

Ако имате проблем со кожата во пределот околу очите, има неколку намирници кои може да ви помогнат да ја освежите и затегните кожата. Заборавете на проблематичните „додадоци“ и тоа со домашни третмани. Еве кои намирници помагаат за ефикасно отстранување на подочници.

Може да ве интересира: Ефикасна природна маска против подочници и надуеност на очите.

7 намирници за ефикасно отстранување на подочници 2

Свежо сечени кришки – кругови од краставица

Краставиците имаат висока концентрација на вода, која има способност да го хидрира деликатното подрачје под очите. Има и витамин К, кој намалува воспаленија и дисколорација. Исечете ја краставицата на тенки кришки – кругови и ладни ставете ги на очите. За тоа најдобро е краставицата претходно да ја чувате во фрижидер.

Кришки од компири

Немате при рака свежи краставици? Заменете ги со кришки компир. За разлика од краставиците, компирот останува ладен подолго време, па уште поефикасно ја намалува натеченоста на очите.

Магдонос

Магдоносот е богат со витамин Ц и витамин К, заради што ја освежува кожата и ја намалува отеченоста. Измешајте малку исечкан магдонос во топла вода и нанесете во пределот под очите со помош на вата. Ако овој третман ви влезе во навика и го повторувате неколку пати неделно, разликата ќе ја видите во следните неколку недели.

Може да ве интересира: Ослободете се од темните подочници за 2 недели со домашен препарат.

Кришки од авокадо или маска од авокадо

Факт: темните подочници најчесто се предизвикани или нагласени поради сувост на кожата. За да можете да го одржите хидрирано ова деликатно подрачје на кожата може да ставите парчиња авокадо под очите. А исто така, може да го испасирате авокадото и да го измешате со 1 лажица маслиново масло. За 10 минути вашата кожа ќе биде сјајна и здрава.

Маска од куркума

Со право ова е еден од зачините кои се тренди во денешно време. Активните состојки во куркумата се јаки во сузбивање на воспаленија и редукција на отоци и осветлување на кожата под очите. Измешајте ја куркумата со сок од ананас и нанесете ја смесата под очите. По 10 минути добро измијте ги очите.

Може да ве интересира: Маска за лице од куркума против брчки, акни и темни кругови.

Ќесички од чај

Кофеинот не само што го буди организмот, туку и ги намалува крвните садови и ги осветлува темните кругови на нашата кожа. Припремете зелен чај или црн чај и ќесичките тргнете ги во фрижидер да се изладат околу 20 минути. Потоа, постапката е иста, ги ставате на очите и оставете да стојат 10-тина минути.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 начини како да се ослободите од подочници.

Сподели: