7 проверени совети за успешно варење на Велигденски јајца 1

7 проверени совети за успешно варење на Велигденски јајца

Убаво декорираните и украсени јајца се симбол и посебно важен детал на трпезата за Велигден. Затоа, многу е важно меѓу нив да нема напукнати јајца или некои со непријатни мириси. Ние истраживме и испробавме неколку чекори за успешно варење на Велигденски јајца и гордо уживање во постигнатата цел!

Еве за кои 7 совети станува збор.

7 проверени совети за успешно варење на Велигденски јајца 2

Не купувајте потполно свежи јајца, најдобри се оние кои се стари 7-10 дена

Веруваме дека повеќето од поискусните домаќинки се запознаени со ова правило. Кога јајцата се стари околу една недела, полесно се варат и се лупат. Во случај ако најдете само свежи јајца, советуваме во водата за варење да додадете 1/2 лажичка сода бикарбона.

Не чувајте ги во фрижидер јајцата кои планирате да ги боите

Ова е еден од поважните совети кои треба да ги примените. Јајцата кои ќе ги боите треба да ги извадите од фрижидерот барем еден час порано. Ова значително ќе ја намали можноста од пукање за време на варењето. Но, треба да внимавате да не ги оставите јајцата предолго на топло, затоа што може да се расипат.

Оставете им доволно простор додека се варат

Пред да почнете со варењето на јајцата, погрижете се да имаат доволно простор во садот кој сте го избрале за варење. Никако не би требало да се судираат. Ако имате потреба да заштедите време, а сакате да сварите поголем број на јајца, едноставно применете повеќе садови во исто време.

Додајте малку сол или киселина во водата за варење

Една голема лажица сол или киселина влијае за побрзо стврднување на протеините од белката во јајцето, па можните пукнатини на лушпата, многу полесно и побрзо се затвораат самите.

Внимавајте да не ги преварите јајцата

Кога водата со јајцата ќе зоврие, постепено намалувајте ја температурата на „огнот“, а по неколку минути потполно исклучете го и поклопете го тенџерето со капакот. Оставете ги јајцата да стојат уште 10-тина минути во топлата вода.

Веднаш изладете ги сварените јајца

За да го стопирате процесот на варење, со помош на издупчена лажица, пренесете ги јајцата во сад кој сте го наполниле со ладна вода, или исцедете ја врелата вода и заменете ја со ладна. По желба може да додадете и неколку коцки мраз.

Изладените јајца вратете ги во фрижидер

Додека потполно се изладат, препорачливо е јајцата да се чуваат во фрижидер. Така белката подобро ќе се стврдне и полесно ќе се лупат.

Ви препорачуваме да прочитате: Како да сварите јајца без пукнатини?

Сподели: