маслинки

7 добри причини да јадете маслинки

Ако сакате да се храните здраво и да ги искористите благодетите на природата, редовно консумирајте маслинки. Тие имаат многу придобивки и може значително да ви го подобрат здравјето.

Во Библијата маслинките се споменуваат како симбол на мир, добронамерност, живот и надеж. Старите народи, маслинките ги сметале за симбол на мудроста. Првите маслинови дрва се засадени пред повеќе од 6000 години, и од тогаш се високо ценети во исхраната и медицината.
Маслинките ги содржат витамините А, Е, К, тиамин, ниацин, витамин Б6 и фолна киселина. Тие се богати и со минералните состојки: магнезиум, калциум и калиум. Благодарение на нивниот состав, маслинките позитивно влијаат врз здравјето.

1. Маслинките превенираат појава на канцер

Маслинките во својот состав содржат антиоксиданси и каротеноиди, познати како лутеин. Лутеинот помага во неутрализирањето на слободните радикали во организмот, кои се одговорни за предизвикување рак. Маслинките се корисни во превенција на различни видови на канцер, како што се: канцер на дебелото црево, дојките, желудникот и простата.

2. Јадете маслинки и спречете го предвременото стареење

Антиоксидансите кои ги содржат маслинките, освен тоа што превенираат појава на канцер, помагаат во спречување на штетните ефекти од сонцето врз кожата кои водат до предвремено стареење, создавање на брчки и линии на лицето. Истовремено маслинките ја подобруваат отпорноста на организмот и го намалуваат ризикот од појава на рак на кожата.

маслинки

3. Маслинките го подобруваат варењето на храната и го штитат здравјето на желудникот

Маслинките се лесно сварлива храна, содржат растителни влакна кои помагаат во процесот на варење на храната и спречуваат појава на запек. Редовната консумација на маслинки го штити желудникот, спречува појава на чир и гастритис.

4. За убава и сјајна кожа, вклучете маслинки во вашата исхрана

Маслинките и маслиновото масло се многу корисни за вашата кожа. Масните киселини кои ги содржат се природен извор на хидратација, тие ја хранат, хидратизираат и ја заштитуваат кожата. Дополнително, витаминот Е на кожата и дава сјај.

5. Маслинките ги ублажуваат ефектите од менопаузата

Менопаузата со себе носи разни проблеми и тешкотии. Неадекватната исхрана, недоволната физичка активност и емоционалниот стрес можат да ги засилат симптомите на менопаузата. Консумирањето на маслинки или маслиново масло помага во намалување на интензитетот и појавата на овие проблеми.

6. Консумирајте маслинки и регулирајте го холестеролот

Редовното консумирање на маслинки, овозможува намалување на вредностите на штетниот (LDL) холестерол, јакнење на срцето и крвотокот, намалување на високиот крвен притисок и ублажување на ревматските болки.

7. Маслинките ги намалуваат шансите за развивање на дијабетес

Дијабетесот е една од најчестите болести на современото општество. Истражувањата покажуваат дека исхраната богата со маслиново масло, умерениот внес на јаглени хидрати и растителни влакна од овошјето и зеленчукот се клучни фактори за спречување на дијабетес.

Сподели: