факти за авокадото 1

7 интересни факти за авокадото

Пред да започнеме со  разгледување на интересни факти за авокадото, прво да ве запрашаме. Што е авокадото, овошје или зеленчук? Многумина мислат дека е зеленчук, но всушност, авокадото е овошје! Како и да е, еве неколку интересни нешта за него.

Авокадото е овошје кое денес се смета за едно од најхранливите во природата. Потекнува од Средна и Јужна Америка. Почнало да се одгледува 8000 години п.н.е. на тие простори, а отсекогаш се сметало за кралско овошје. Легендите на Маите кажуваат дека авокадото му давало магични и мистични моќни на нивните принцези. Жителите на Чиле со години ги користат листовите на авокадото за зараснување на раните.

факти за авокадото 2

Интересни факти за авокадото

  1. Авокадото никогаш не зрее на дрво. Тоа зрее само откако е набрано.
  2. Авокадото содржи значителна количина на фолати. Тие се есенцијални за бремените жени, бидејќи помагаат за обновување на клетките кои се оштетени за време на бременоста.
  3. Просечната големина на авокадо одговара на фетус во мајката, со старост од 16 недели. Исто така, тие се одлична ужинка за мали бебиња и сите дечиња.
  4. Авокадото е добар извор на мононезаситени масти. Помага за зголемување на нивото на добар холестерол (HDL) и го намалува нивото на лошиот холестерол (LDL), со што го чува здравјето на срцето.
  5. Авокадото е богато со протеини. Всушност, тие спаѓаат во малку бројните овошја кои имаат протеини. Што е уште поинтересно, авокадото ги има сите 18 аминокиселини кои се потребни за градба на протеините.
  6. Авокадото е богато и со растителни влакна. Содржи и растворливи и нерастворливи. И двата типа се потребни за телото да има нормално варење на храната и заштитуваат од гастроинтестинални заболувања.
  7. Дали знаете дека Бразилците додаваат авокадо во сладоледот? Исто така, дали знаете дека било симбол на љубов и плодност кај Ацтеките, затоа што не може само да се опраши!? Дури и кога растат, растат во пар.

Ви препорачуваме да прочитате: 10 добри причини за да јадете авокадо.

Сподели: