зелена салата

7 супер придобивки од консумирањето на марула

Уште од дамнешни времиња марулата важела за еден од најздравите зеленчуци. Персиските кралеви уште во 6 век п.н.е. редовно имале марула на трпезите, Старите Грци и Римјани ја сметале за храна и лек (за спиење), а древните Кинези верувале дека може да донесе добра среќа, па ја јаделе во посебни прилики.

И сите тие биле во право. Ви откриваме 7 причини кои ја прават марулата една од најдобрите храни.

Идеална за сите кои сакаат да ги намалат килограмите

Марулата има малку калории и тоа 12 во една чаша, а изобилува со витамини. Затоа се препорачува во исхраната на лица кои се на диета, но и за сите останати.

марула

Го помага варењето на храната

Благодарение на растителните влакна и целулозата кои ги содржи, редовното консумирање на марула може да ви помогне за подорување на варењето на храната. На овој начин, го помага и процесот на слабеење и одржување на нормална телесна тежина. Растителните влакна помагаат и за елиминирање на солите на жолчните киселини од организмот. Тоа е корисно затоа што се намалува холестеролот, па затоа зелената салата се препорачува и за превенција на болестите на срцето.

Редовната консумација на марула го подобрува здравјето на срцето

Покрај гореспоменатото, марулата е богата со витамин Ц и бета каротин кои ја спречуваат оксидацијата на холестерол. На тој начин се спречува формирање на наслаги на артериите.

Содржи растителни протеини

Од вкупниот број на калории, околу 20% му припаѓаат на протеините. Содржината на растителни протеини може да ја зголемите доколку ја комбинирате со мешунки.

Го подобрува сонот

Марулата содржи бела течност која е видлива штом ги исечете листовите. Оваа течност има својства слични на опиум, само без јаки несакани дејства. Затоа, делува за релаксирање и подобрување на сонот, а за лицата кои имаат проблем со несоница се препорачува да изедат неколку листови пред спиење или да се напијат свежо цеден сок од зелена салата.

Го одржува балансот во телото

Минералите кои ги содржи помагаат во детоксикација и одржување на баланс помеѓу киселините и базите во организмот. Оваа рамнотежа ја зголемува енергијата, помага појасно да мислите, подобро да спиете и да имате сјајна и мазна кожа.

Се препорачува во исхраната на дијабетичарите

Зелената салата има низок гликемски индекс (1), па се препорачува и во исхраната на лица кои имаат шеќерна болест.

Совет плус: Темно зелените листови на марулата се побогати со хранливи материи во споредба со ајсберг зелената салата. Тие имаат два пати повеќе протеини и калциум, три пати повеќе витамин К и железо, осум пати повеќе витамин Ц и 17 пати повеќе витамин А, во споредба со ајсберг. Затоа секогаш изберете марула со црвени или темно зелени листови.

Ви предлагаме да прочитате: Марула – чиста храна без калории и одлична за гарнирање.

Сподели: