8 зачини кои го забрзуваат метаболизмот

8 зачини кои го забрзуваат метаболизмот

Имате бавен метаболизам и барате решение? Вие сте на вистинското место. Во исхраната вклучете ги овие 8 зачини кои го забрзуваат метаболизмот. Па, наместо да пиете различни таблети, потрудете се да ги користите лековитите својства на зачините кои ни ги нуди природата. Зачините не само што го збогатуваат вкусот на храната, туку даваат и бројни здравствени придобивки. Секогаш кога припремате јадење, одбегнувајте ги готовите мешани зачини кои изобилуваат со адитиви и засилувачи на вкус. Наместо по нив, посегнете по свежите или суви природни зачини, кои на многу начини можат да допринесат за подобро здравје.

Време е да ја збогатите вашата кујна со следниве 8 зачини и да уживате не само во прекрасната арома на вашите јадења, туку и во многубројните придобивки по вашето здравје за кои тие ќе допринесат.

зачини кои го забрзуваат метаболизмот

Цимет

Според одредени студии, циметот помага во регулирањето на шеќерот во крвта. Имено, тој го намалува нивото на глукоза, доколку се консумира на празен стомак. Па, затоа секој ден започнувајте го со лажичка цимет во вашето кафе или овесни снегулки.

Може да ве интересира: Цимет за добро варење на храната.

Синап

Доколку го замените мајонезот со сенф во вашиот сендвич, не само што ќе го намалите внесот на масти и калории, туку и ќе согорувате калории во текот на денот. Сенфот во себе содржи семе од синап кое е богато со селен, магнезиум, витамини Б, А, Ц и К. Тој исто така, може да го забрза метаболизмот за 25%.

Ѓумбир

Овој коренест зачин може да ви помогне за олеснување на симптомите на надуеност. Можете да го користите како чај или пак како додаток во пилешко, зеленчук, супи и чорби. Од него може да се приготви и освежителен сок во комбинација со лимон и нане. Прочитајте како да направите напиток од ѓумбир против надуеност.

Ким

Според истражувањата спроведени на Универзитетот за медицински науки во Индија, додавањето на овој зачин во исхраната може да помогне при слабеење. Било спроведено рандом истражување на 88 жени со прекумерна тежина. Тие биле поделени на две групи. На едната група во јогуртот им додавале по 3 грама ким (околу една лажичка) во период од 3 месеци. По завршувањето на истражувањето кај жените кои консумирале ким се забележало значително намалување на телесната тежина, БМИ, обемот на половината и на масните наслаги. Кај овие жени исто така, се намалил и холестеролот, триглициридите и лошиот холестерол, додека пак се зголемил добриот холестерол.

Чили пиперки

Чили пиперките содржат капсаицин, кој е одговорен за индуцирање на термогенезата, процес со кој клетките ја претвораат енергијата во топлина. Па така, овој зачин ќе ви помогне да го загреете вашето тело.

Каранфилче

Овој зачин содржи еугенол и може да ви помогне во намалувањето на телесната тежина и во регулацијата на инсулинот. Тоа исто така, поседува антивоспалителни својства. Можете да го комбинирате со цимет и да го додадете во вашиот утрински чај.

Морско оревче

Некои истражувања сугерираат дека еугенолот кој го содржи овој зачин, може да ги инхибира ензимите кои се вклучени во метаболизмот на гликозата и со тоа да го поттикне разложувањето на мастите. На тој начин помага и против дијабетес.

Куркума

Овој зачин стана многу популарен во последниве години, благодарение на многуте здравствени придобивки, вклучувајќи ги и антиинфламаторните својства. Според некои истражувања, куркуминот, компонента на куркумата, може да помогне во регулирање на шеќерот во крвта, нивото на маснотии во крвта и оксидацијата на мастите.

Ви препорачуваме да прочитате: 6 зачини за подобро здравје и повкусни јадења.

Сподели: