здравствени придобивки од фстаците

8 здравствени придобивки од фстаците

Фстаците на многумина им се едни од омилените грицки. Тие се одлична занимација додека гледаме телевизија, а се совршено мезе и за со пиво. Кога би ги знаеле здравствените придобивки од фстаците, сигурни сме дека почесто ќе ги консумирате. 

Па, нареден пат кога ќе ви се пригрицка нешто, посегнете по фстаци и бидете сигурни дека сте го направиле правиот избор.

здравствени придобивки од фстаците

Го подобруваат здравјето на срцето

Некои истражувања покажаа дека секојдневната консумација на фстаците може да ја подобри работата на срцето и да превенира појава на кардиоваскуларните заболувања. Истражувањата, исто така, покажале дека лицата со покачен крвен притисок доколку редовно консумираат фстаци може да имаат значително подобрување во неговата регулација.

Имаат голема нутритивна вредност

Фстаците се особено богат извор на железо, фосфор, магнезиум и витамин Б6. Тие содржат повеќе од 30 различни витамини и минерали.

Содржат здрави масти

Мастите кои се содржат во јаткастите плодови се сметаат за едни од најздравите. Една порција (околу 50 фстаци) содржи околу 160 калории, па така фстаците се едни од јаткастите плодови кои содржат најмалку калории.

Изобилуваат со растителни влакна

Овие здрави грицки содржат повеќе растителни влакна дури и од овесна каша, која се смета за еден од најдобрите извори на растителни влакна.

Богати се каротеноиди

Фстаците содржат голема количина каротеноиди, лутеин и зексантин, состојки кои се смета дека го намалуваат ризикот од макуларна дегенерација, состојба која може да доведе до слепило кај постарите лица.

Содржат фитостероли

Фстаците се особено богат извор на фитостероли, кои имаат способност да го впијат холестеролот од другите намирници. Можеби токму и поради тоа се додаваат во различни слатки и калорични јадења.

Благодарение на растителните протеини, фстаците се одлична замена за месо

Благодарение на изобилството на растителни протеини, фстаците често се консумираат од страна на вегетаријанци и вегани како замена за месото.

Претставуваат добар извор на антиоксиданси

Фстаците се богати со антиоксидансите. А сигурно знаете дека антиоксидансите го заштитуваат организмот од оксидативен стрес кој може да доведе до разни срцеви и канцерогени заболувања.

Ви предлагаме да прочитате: 5 причини да јадете по 5 ф`стаци секој ден.

Сподели: