Многу често луѓето го сместуваат во категоријата на житарици поради неговиот нутритивен профил, а уште една важна карактеристика за ова растение е тоа што не содржи глутен и што е безбеден за употреба од страна на лицата со целијакија. Во продолжение прочитајте за здравствените придобивки од употребата на амарант во вашата исхрана.
Амарантот е растение слично на житарица која денес најмногу се одгледува во Африка, Индија, Кина, Русија, Јужна и Северна Америка. Кај нас сеуште не е толку популарен, но сепак можеме да ја најдеме во продавниците за здрава храна.

8 здравствени придобивки од употребата на амарант во исхраната
- Амарантот ја содржи аминокиселината лизин, која вообичаено не се наоѓа во доволни количини во останатите житарици. Поради овој аминокиселински состав, амарантот претставува извор на комплетен протеин.
- Амарантот е одличен извор на протеини. Во една шолја амарант се содржат околу 26грама протеини, а за споредба-во истата количина ориз се содржат само 13 грама протеини.
- Амарантот може да има антиканцерогени и антивоспалителни ефекти. Лунасин е пептид кој се наоѓа во амарантот и е биоактивна супстанца со антиканцерогени, антивоспалителни и антихипертензивни ефекти.
- Ова растение е добар избор за лицата кои страдаат од срцеви заболувања. Во едно истражување било забележано намалување на нивото на вкупен холестерол, триглицериди и ЛДЛ холестеролот кај лицата кои го вклучиле амарантот во исхраната.
- Амарантот е богат со фитостероли кои можат да го намалат нивото на холестерол во крвта.
- Амарантот е многу богат со калциум и затоа е добар за превенција од остеопороза и од други состојби кои се поврзани со недостаток на калциум.
- Поради неговиот аминокиселински состав амарантот е многу лесно сварлива храна.
- Амарантот е богат со минерали и антиоксиданти. Содржи витамин С, витамин Е, железо, магнезиум, фосфор и калиум. Листовите од амарант, кои исто така може да се употребуваат во исхраната се богати со витамин С, витамин А и фолна киселина.
Автор: Маја Веловска.
Ви предлагаме да прочитате: Киноа – една од најздравите намирници во светот.