Малите совети кои прават големи промени во вкусот на јадењата се секогаш добредојдени! Можеби многу пати сте се запрашале зошто месото на скара не е подготвено рамномерно, суво е или има непријатен вкус. Или пак сакате да знаете како да подготвите пилешко месо со крцкава кора? – Прочитајте ги најдобрите кулинарски трикови за подготовка на месо, кои ќе ви помогнат да станете вистински експерт.
Изборот на квалитетно месо е секогаш број 1 совет кој ќе ви помогне да подготвите вкусен деликатес. А штом станува збор за свежо месо, наш избор се Агриа. Квалитетното месо од домашно производство се должи на принципот од „нива до трпеза“. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна која доаѓа од македонските полиња. Домашното е највкусно, нели? Посетете ги месарниците на Агриа ширум земјата (Велес, Битола и Штип), или побарајте го месото во Тинекс и Рамстор маркетите. А штом го набавите и приготвите, пишете ни како ви се допаднало. Во продолжение прочитајте ги и следните супер совети кои ќе ги подобрат вашите кулинарски вештини.

Како да подготвите совршено месо на скара?
Месото кое планирате да го подготвувате на скара извадете го од фрижидер најмалку 1 час пред печењето. Доколку месото директно од фрижидер го ставите на скара, постои ризик да остане ладно и непечено во средината. Затоа, имајте во план дека месото кое има собна температура е идеално за подготовка на скара. Тоа треба да биде суво и без влага, а се препорачува и малку да се премачка со масло. Кога сме кај зачините, солта и црниот пипер се додаваат кога месото е при крај со печењето, бидејќи во спротивно можат да ја извлечат течноста, па месото да биде суво. А, црниот пипер може да има непријатен мирис и вкус доколку се препече.
Како да добиете меко и воздушесто мелено месо?
Доколку сакате воздушесто, меко мелено месо, помешајте го со малку обезмастено крем сирење, наместо со лебни трошки или леб.
Лимонов сок за крцкава кора на пилешкото месо
Пилешкото месо ќе има убава крцкава кора доколку за време на печењето го преливате со лимонов сок помешан со малку вода.
Направете вкусен сос или прелив од течноста во која се приготвува месото
Доколку сокот кој се добива при печење на месото ви запече и добие горчлив вкус, извадете го месото од садот, истурете ја течноста и наместо неа додајте малку супа од коцка и неколку лажици вино. Потоа, вратете го месото и продолжете со печење додека месото омекне. Во течноста во која се печи месото може да додадете малку кисела павлака и на тој начин да направите вкусен прелив за компири, ориз или тестенини.

При печењето ставете парчиња целер за да го подобрите вкусот
Набавивте поголема количина на месо, па го замрзнавте? – Најдобро е да го искористите што побрзо. Но, ако приготвувате месо кое долго време стоело во замрзнувач, за време на печењето ставете парчиња корен од целер. На тој начин месото ќе биде повкусно!
Како правилно се печи месо во алуминиумска фолија?
Ако сакате да печете месо или зеленчук во алуминиумска фолија, секогаш ставајте ги на сјајната страна, а потоа внимателно завиткајте ги краевите за да не истечат соковите за време на готвењето. Секогаш треба да знаете дека печењето во фолија трае малку подолго отколку во обичен сад. При печење користете квалитетна алуминиумска фолија и избегнувајте приготвување на јадења со лимон, домати или доматен сос.
Маринада со млеко за помеко месо
Секое парче месо кое планирате да го пржите, ќе биде многу помеко доколку претходно го ставите во маринада со млеко.
Како да подготвите вкусни џигери?
Џигерите ќе бидат многу помеки и повкусни ако на секое парче пред пржење му капните по неколку капки винска киселина. Исто така, никогаш не ги солете џигерите пред пржење, туку на крај, бидејќи ќе бидат жилави и тегави.
Кои се вашите кулинарски трикови кои ги применувате при подготовка на месо? – Споделете во коментар или пишете ни порака.
Ви препорачуваме да прочитате: 3 совети како да станете експерт за избор на најдобро свежо месо.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.