Дали знаете дека нашиот мозок постојано се менува? – Тоа е единствената константа на најкомплексниот орган кој го контролира секој дел од телото. Не го гледаме, но и тоа како треба да го негуваме! За таа цел и по повод светскиот ден за здравјето на мозокот, 22-ри јули, истражувавме и споделуваме неколку важни совети за подобро здравје на мозокот, кои секому ќе му бидат од полза.
Способноста за промена и адаптација, е процес во мозокот кој овозможува да се запомне нова информација, што и тоа како е важно за нормално функционирање во секојдневието. Во текот на животот стекнуваме знаења, искусуваме разни ситуации и така нашиот мозок продолжува да се развива, од што може да заклучиме дека негувањето на здравјето на мозокот и неговата функција е од клучна важност. Сигурни сме, се запрашувате како? – Ние ги имаме одговорите. Грижата за мозокот не е сложена ако се внимава на мали детали и ако се следат неколку препораки кои лесно стануваат дел од секојдневната рутина. Еве кои ги издвоивме:

Пробајте нова активност
Испробувањето на нови активности ја стимулира работата на мозокот, особено тие што бараат активно размислување. Тоа може да биде свирење на некој инструмент, решавање на судоку, крстозбор или сложувалка, учење на нов јазик или било која друга активност што ќе го „размрда“ мозокот.
Хранете се здраво
Нахранете го мозокот со храна богата со хранливи материи корисни на мозокот. Внесувајте доволно овошје, зеленчук, незаситени масти, протеини и храна богата со омега 3 масни киселини како риба, јаткасти плодови и јајца. Ако сметате дека не внесувате доволно од хранливите извори, проверен додаток во исхраната е добро решение и ви го препорачуваме Omega-3 на Тримекс, кој може да се купи од сите подобро снабдени аптеки или од нивната онлајн продавница. Оmega-3 е есенцијална масна киселина неопходна за целокупното здравје и за растот и развојот низ сите фази на животот на човекот. Оваа масна киселина придонесува за нормален развој на мозокот кај фетусот и дечињата, придонесува во одржување на нормален крвен притисок и ја подобрува функцијата на мозокот.
Движете се
Физичката активност е корисна, како за телото, така и за мозокот. Го зголемува протокот на кислород, а со тоа и растот на нови нервни клетки. Вежбањето ги намалува високиот крвен притисок и холестеролот, и го ослободува телото од стрес.
Спијте доволно
И додека спиеме, мозокот не престанува да работи, сè со цел да се „подобри“. Имајте барем 6 до 8 часа ноќен сон, а за поцврст и длабок сон, спијте во добро проветрена и затемнета просторија. Додека спиете пожелно е да најдете на која температура не ви ни жешко, ни ладно. За полесно заспивање, не пијте кафе во вториот дел од денот и не јадете тешка храна најмалку 3 часа пред спиење.
Не го заборавајте социјалниот живот, но не на социјалните мрежи, туку во директен контакт
Креирајте нови познанства и негувајте ги старите. Дружењето и комуникацијата со позитивни луѓе, го прави животот забавен, интересен и поттикнува среќа. Социјализацијата се поврзува со намален крвен притисок, помал ризик од деменција и подолг животен век.
Регулирајте ги крвниот притисок и шеќерот во крвта
Високиот крвен притисок може да предизвика намалување на когнитивните способности, како и срцеви проблеми. Дијабетесот е ризик фактор за деменција, затоа јадете умерено, вежбајте и одржувајте нормална телесна маса. Ако имате хипертензија или дијабетес, а користите терапија, придржувајте се до неа и следете ги советите на вашиот лекар.
Заштитете се од повреди на главата
Повредите на главата го зголемуваат ризикот од намалување на функцијата на мозокот. За да избегнете удар на главата, кога извршувате некоја активност внимавајте да не паднете. Кога возите велосипед или скијате, носете заштитна кацига.
Контролирајте го стресот
Во денешниот брз начин на живот, скоро и да е невозможно да се исфрли стресот, па затоа неговото секојдневно контролирање е многу важно. Преголемата грижа и стресот ги намалуваат когнитивните перформанси и го заморуваат мозокот. Практикувајте јога, медитација, пешачење или слушање на релаксирачка музика за да го намалите стресот.
По потреба и повремено користете додатоци во исхраната
Ако се интересирате за зачувување, одржување и подобро здравје на мозокот, додатоците во исхраната може и тоа како да бидат корисни. Погоре ја спомнавме важноста на Омега 3 масната киселина, а сега ви даваме уште 3 други предлози, па зависно од советот на вашиот лекар, може да бирате што е тоа што е најсоодветно за вас.
Methyl B-12. Витаминот Б-12 (кобаламин) е витамин кој е присутен во секоја клетка и игра важна улога во голем број биолошки процеси. Има клучна улога во нормалното функционирање на мозокот и нервниот систем преку синтезата на миелин и формирањето на црвените крвни зрнца. Methyl B-12 се препорачува при:
- Алцјахмер, деменција, когнитивно опаѓање и губење на меморијата
- Мултипла склероза и други невролошки заболувања
- Ментални болести (депресија, анксиозност, биполарно нарушување, психози)
- Потешкотии во учењето и развојни нарушувања кај децата.

GABA. GABA (гама-аминобутерна киселина) е непротеинска амино киселина која функционира како невротрансмитер во човечкиот мозок. GABA природно се продуцира во организмот и нејзиното присуство во централниот нервен систем може да помогне во промовирање на релаксација и олеснување на нервната напнатост.
L-Tryptophan. L-Tryptophan е есенцијална аминокиселина која помага за подобро спиење, релаксација и позитивно расположение.
Споменатите додатоци во исхраната може да ги нарачате преку онлајн продавницата на Тримекс. Доставата е бесплатна, а истите се достапни и во подобро снабдените аптеки. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.
Ви препорачуваме да прочитате: Клучот е во раното откривање! И лицата со мултиплекс склероза може да живеат нормално!
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Поддржан текст.