9 намирници кои содржат повеќе витамин Ц од портокалот

Витаминот Ц е еден од најзначајните витамини за здравјето. Иако портокалите и лимоните се прва асоцијација за витаминот Ц, сепак постојат други намирници кои содржат повеќе витамин Ц.

Еден портокал содржи 70 мг од овој витамин, што е повеќе од дневните препораки, односно 60 мг. Но, како што споменавме, постојат и други намирници кои може да ги јадете, а ќе го обезбедат вашето тело со витамин Ц.

Јагоди

Една чаша јагоди содржат 85 мг витамин Ц. Освен тоа, тие се богати со манган кој помага за одржување на стабилно ниво на шеќер во крвта. Секогаш штом може изберете органски јагоди или одгледувајте ги дома, затоа што јагодата се вбројува во едни од напрсканите овошја со пестициди.

Брокула

Една чаша свежа брокула има околу 81 мг витамин Ц, кој заедно со витаминот К се важни за здравјето на коските и правилно згуснување на крвта.

повеќе витамин Ц од портокалот

Ананас

Слично како јагодите, во една чаша ананас има 79 мг витамин Ц. Покрај тоа, ананасот е познат по тоа што содржи значајни количини на бромелин кој помага за варење на храната, особено протеините.

Келераба

Во една чаша, свежа келераба има 84мг витамин Ц. Покрај тоа, постојат 3 важни причини да јадете келераба.

Манго

Мангото е овошје кои поретко се наоѓа на трпезите, но е богато со витамин Ц. Тоа содржи 122 мг, а е важен извор на зеаксантин кои е важен за здравјето на очите.

Прокељ

Во една чаша прокељ има 75 мг витамин Ц. Освен со витамин Ц, прокељот е познат како моќен природен борец против ракот.

Киви

Две кивија имаат 128 мг витамин Ц. Истражувањата покажуваат дека кивито може да ви помогне за подобар и поквалитетен сон.

Папаја

Ова тропско овошје содржи 95 мг витамин Ц. Покрај тоа, важна е застапеноста на ензимите кои го намалуваат воспалението.

Пиперки

Без разлика на бојата, пиперките содржат повеќе витамин Ц во споредба со портокалот. Најбогати се црвените пиперки. Постојат бројни причини за повеќе да јадете црвени пиперки.

Ви предлагаме да прочитате: Вистини и заблуди за витаминот Ц.

Сподели: