Посно смути со јаболко и банана

Посно смути со јаболко и банана

Имаме супер предлог за здрав појадок кој ќе ги направи утрата уште подобри! Направете си кремасто смути со јаболко и банана. Изобилува со растителни протеини, растителни влакна кои се важни за добар метаболизам, како и здрави масти. Не содржи шеќер, а ќе ја подигне вашата енергија и расположение. Совршено вкусно за секој од нас!

А за да ве мотивираме да го направите уште денес, ви презентираме некои придобивки од консумацијата на смутито со јаболко и банана.

  • направено е со природни состојки,
  • има кремаст вкус,
  • не содржи додаден шеќер,
  • претставува добро балансиран оброк,
  • богато е со хранливи состојки,
  • богато е со калиум, калциум и железо,
  • збогатено е со антивоспалителниот супер зачин – цејлонски цимет
  • и е слатко и многу вкусно!

Состојки:

  • 1 поголемо јаболко
  • 1 зрела банана
  • 1 лажичка путер од кикирики
  • 2 лажици овесни снегулки
  • 1 мала лажичка цимет во прав
  • ½ мала лажичка екстракт од ванила
  • ½ чаша бадемово млеко.

Подготовка:

  1. Јаболкото и банана излупете ги и исечете ги на парчиња.
  2. Во блендер ставете ги парчињата јаболко, бананата, путерот од кикирики, овесните снегулки, циметот, ванилата и бадемовото млеко. Миксирајте ги состојките додека добиете хомогена смеса. По желба додајте уште млеко или вода доколку сакате потечно смути. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Посно чоколадно смути.

Сподели: