Богато со растителни влакна, витамин Ц, калциум, здрави состојки, ова чоколадно смути со јагоди е идеално за слабеење! Пролетно и вкусно, е полн погодок за појадок или ужина!
Внимателно избраните состојки те водат кон постигнување на посакуваната цел. Помалку килограми и добра фигура во летните месеци. Бананата му дава кремаста текстура, јагодите го збогатуваат вкусот, а ладно цеденото масло од лен го забрзува метаболизмот и помага за полесно намалување на килограмите.

Состојки:
- 1 замрзната банана
- 1 чаша јаготки
- 1 мала лажичка какао
- 1 лажица ладно цедено масло од лен од Фила
- ½ чаша грчки јогурт
- 1 чаша бадемово млеко
- 1 мала лажичка чоколадни капки по желба.

Подготовка:
- Во блендер ставете ги сите состојки и миксирајте ги околу 1 минута.
- Смутито послужете го веднаш. На здравје!
Совети плус:
- За засладување може да користиш урми, сируп од урми, стевија, јаворов сируп или друг здрав засладувач по желба.
- Наместо свежи, може да се користат и замрзнати јагоди.
- По желба може да се додаде и протеин во прав – чоколаден или со вкус на ванила.
Нутритивна анализа:
Од наведената количина ќе добиете две порции, а деталната нутритивна анализа е следната:

Калории: 243 kcal.
Масти: 9 г (14%)
- Заситени масти: 1 г.
- Незаситени масти: 2 г.
- Мононезаситени масти: 5 г.
- Транс масти: 0 г.
Холестерол: 0.
Протеини: 9 г (17%).
Јаглехидрати: 36 г (12%).
- Растителни влакна: 3 г (13%).
- Природни шеќери: 21 г.
Витамини: Ц (93%).
Информација плус:
Ладно цеденото масло од лен може да се најде во поголемите маркети низ земјата или да се нарача од веб продавницата на Фила.
Може да те интересира: Свежа летна салата со ленено масло, просо и семиња.
*Рецептот е овозможен од Фила.
