спирулина во прав 1

Hawaiian Spirulina за намалување на холестеролот и крвниот притисок

Бројот на лица кои страдаат од висок холестерол или крвен притисок на светско ниво е релативно голем. Ваквите здравствени проблеми најчесто се резултат на неправилната исхрана. Затоа е многу важно да внимаваме каква храна консумираме. За спречување на несаканите последици од неправилната исхрана, најдобро е да се зема храна богата со витамини и минерали која помага во намалување на холестеролот и високиот крвен притисок.

Спирулината е вид на сино зелена алга која се препорачува во исхраната на луѓето. Високата содржина на витамини и протеини ја прават спирулината погодна и за вегетаријанци и вегани. Се смета дека спирулината има антоксидативно, антиинфламаторно дејство и способност да го регулира имуниот систем. Затоа, ако имате проблем со висок холестерол или крвен притисок, прочитајте зошто спирулината е супер храна која помага во подобрување на здравјето.

спирулина во прав 2

Спирулината помага во намалување на холестеролот

Холестеролот е честа причина за срцеви заболувања. Внесот на спирулина може да има позивитно влијание врз намалувањето на холестеролот и појавата на срцеви заболувања. Консумирањето на спирулина влијае на целокупниот холестерол така што го намалува „лошиот“, а го зголемува „добриот“ холестерол. Исто така ги намалува и триглицеридите.
Масните компоненти во човечкото тело се подложни на оксидација која е причина за развој на повеќе сериозни заболувања. Така, на пример, поголем број од срцевите болести се поради оксидацијата на „лошиот“ холестерол (LDL). Антиоксидансите присутни во спирулината, ја прават ефективна во намалување на липидната оксидација.

Регулирајте го високиот крвен притисок со воведување на спирулина во исхраната

Високиот крвен притисок е главна причина за многу сериозни заболувања, меѓу кои и срцев, мозочен удар и хронична бубрежна болест. Оваа суперхрана содржи специфични протеини кои ги опуштаат и ги шират артериите, процес наречен вазодилатација. На тој начин спирулината го регулира крвниот притисок. Ширењето на крвните садови овозможува поголем проток на крв и така се намалува притисокот. Причина за ваквиот ефект е азотниот оксид, молекула која е важна за одржување на здрав и нормален крвен притисок.

5 рецепти кои ќе ви помогнат спирулината да стане дел во секојдневната исхрана:

Спирулината е достапна е во форма на прав и таблети. Доколку се одлучите да ја користите во форма на прав, ви предлагаме пет наши испробани рецепти.

Наша препорака:

Ако ви е потребна спирулина во исхраната за намалување на холестеролот или високиот притисок, дијабетес, зголемување на енергијата, зајакнување на крвта, слабеење или детоксикација, ви ја препорачуваме Hawaiian SpirulinaHawaiian Spirulina е единствена која е атестирана како природно одгледувана и произведена алга. Единствено Hawaiian Spirulina се суши со патентиран метод на океанско ладно сушење. Hawaiian Spirulina содржи големо количество на витамини од Б групата (особено Б12, кој е неопходен во исхраната на вегетеријанците). Оваа алга содржи 8 есенцијални амино киселини, масни киселини (вклучувајќи ја ГЛК), дигестивни ензими и пигментите хлорофил, порфирин и фикоцианин.

Најдобро од сѐ е тоа што 10 грама Hawaiian Spirulina има само 36 калории. Hawaiian Spirulina содржи природна комбинација на минерали: калиум, калциум, магнезиум, цинк, селен, фосфор и железо. Може да ја порачате од онлајн продавницата на Тримекс со бесплатна достава или да ја набавите во подобро снабдените аптеки. Достапна е во пакување од 100200 и 400 таблети од 500 mg и 142 g прашок. Ако имате прашања во врска начинот на консумирање на спирулината, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нивниот e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 креативни начини за употреба на Hawaiian Spirulina во прав.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: