храна за подобро помнење и мозочна функција

Храна за подобро помнење и здрава мозочна функција

Одредени видови на храна се познати по тоа што го подобруваат помнењето и функцијата на мозокот. Како најпознати ги издвоивме масните риби, лиснатиот зеленчук, јајцата, зелениот чај и чоколадото. Со редовна консумација на овие намирници ќе имате значително подобро помнење и здрава мозочна функција, како и поволно влијание врз целокупното здравје.

Масна риба – храна за подобро помнење

Многу луѓе денес имаат потешкотии околу тоа што треба да направат во текот на денот. За подобро помнење јадете масна риба. Експертите тврдат дека омега-3 масните киселини, кои се наоѓаат во рибите – сардини, лосос и скуша се одлични за целокупното здравје на организмот, а посебно мозокот. Пожелно е рибата да се конзумира два пати неделно за да се превенира губење на помнењето.

Лиснат зеленчук – храна за здрава мозочна функција

Голем број луѓе не го обожаваат зеленчукот, но тој делува многу позитивно на мозокот и овозможува здрава мозочна функција. Спанаќот и брокулата се богати со антиоксиданти како што се витамините Ц и бета-каротенот, кои се навистина здрави за организмот. Исто така, повеќе лиснати зеленчуци содржат фолати, а тие овозможуваат брзо и добро памтење, па се препорачува редовно да се застапени на нашето мени.

Јајца – храна за здрава мозочна функција

Јајцата се богати со витамини и минерали, а посебно се корисни за мозокот. Богати се со железо, јод и витамин Б12, кои треба да бидат дел од редовната исхрана. Од нив се издвојува јодот е познат по тоа што ја подобрува способноста за решавање на проблемите.

јајца - храна која подобрува функција на мозок

Зелен чај – храна за подобро помнење

Мозокот се состои од 80% вода, а тоа значи дека мора да биде соодветно хидриран, за да може да функционира добро. Многу е важно дневно да се испијат околу 8 чаши вода, а може да се додаде и шолја зелен чај. Зелениот чај ја зголемува менталната будност и влијае за подобро помнење.

Чоколадо – храна за здрава мозочна функција

Чоколадото е богато со флавоноиди, кои помагаат во формирање на нови неврони во мозокот, а исто така го подобрува и протокот на крв до мозокот.

Не заборавајте дека мозокот е витален орган кој е одговорен за многу функции на организмот, затоа чувајте го најдобро што умеете, одмарајте се доволно, јадете здраво и уживајте во придобивките од подобро помнење и здравата мозочна функција.

Сподели: